ANDON-VOJO TRUDOVO KNIGA

Published on
Scene 1 (0s)

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“- ШТИП

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

ТРУДОВО ПРАВО

(АВТОРИЗИРАНИ ПРЕДАВАЊА)

Автори:

Доцент д-р. Андон Мајхошев

Доцент д-р. Војо Беловски

Scene 2 (10s)

2

П Р Е Д Г О В О Р

Трудовото право како гранка на правото е една од фундаменталните

правни дисциплини. Некои автори оваа правна дисциплина уште ја нарекуваат наука за работните односи, бидејќи во најголема мера таа ги проучува правните норми, начела, принципи и институти кои се однесуваат на трудот и работниот однос. Денес, Трудовото право има големо значење во системот на правни дисциплини и правниот систем на секоја држава, бидејќи трудот (работниот однос) е основата на секоја држава, без разлика на степенот на општествено економскиот развој на истата.

Денес во академската средина генерално преовладуваат два основни

пристапи во изучувањето на овој предмет. Едниот пристап се однесува на изучување на трудовото право во потесна смисла (само работните односи) и вториот пристап е проучување на трудовото право во поширока смисла на зборот, каде освен работните односи се изучуваат и правата на социјално осигурување.

Нашиот пристап во изучувањето на овој предмет е во поширока

смисла на зборот, бидејќи авторизираните предавања се така коцепирани да студентите се стекнат со солидно теоретско и практично сознание од областа на работните односи, но и другите права кои произлегуваат од работниот однос, односно правата на социјалното осигурување (пензиско- инвалидско, здравствено, осигурување во случај на невработеност и сл.). Со поширокиот пристап сметаме дека студентите ќе стекнат поширока престава и сознанија за правата, обврските и одговорностите од работниот однос и правата од социјално осигурување.

Целта и смислата на овој труд е на студентите да им ги приближиме

и појасниме најважните правни институти и институции на трудовото право, сфатено во поширока смисла на зборот. Во тој контекст, трудот (авторизираните предавања) е концепиран, така што, на едноставен начин да им ги приближиме интегрално сите конкретните одредби од Законот за работните односи и другите прописи од ова област кои се однесуваат на правата, обврските и одговорноститe на работникот и работодавачот кои се уредени со повеќе закони, подзаконски акти и колективни договори.

Трудот содржи повеќе поглавја кои систематски се разработени и

поврзани по логичен редослед. Така, во почетокот на нашите авторизирани предавања се содржани општите прашања на трудовото право. Најпрво ги разгледуваме предметот, содржината, дефиницијата, субјектите,

карактеристиките на трудовото право, значењето, називите, односот на трудовото право со другите правни дисциплини, развојот, изворите на трудовото право (меѓународни, регионални, националнии, хетерономни, автономни) и др.

Во трудот респектабилно место зазема и развојот, улогата,

значењето на Меѓународната организација натрудот (МОТ), која е креатор и релевантен контролор во имплементацијата на меѓународните стандарди на трудот. Во таа насока, дадени се и најважните меѓународни конвенции и препораки на МОТ како извори на трудовото право, како и препознавање на

Scene 3 (1m 50s)

3

разликата на правната природа помеѓу конвенциите и препораките, а исто така должно внимание е посветено и на организационата структура на МОТ.

Исто така, во трудот посебно внимание е посветено на работните

односи. Ова поглавје започнува со определување на поимот работен однос, елементите на работниот однос, начелата на работниот однос, субјектите и др. Во тие рамки, посебен акцент е ставен на дискриминацијата во сферата на работните односи, вознемирувањето на работното место (мобинг).

Нераскинлив дел на работниот однос е и договорот за вработување,

кој му дава правна димензија на истиот. Во ова поглавје се посветува значајно внимание на поимот, содржината и видовите на договорот за вработување. Во тие рамки, се разгледуваат начините на престанокот на важноста на договорот за вработување.

Следуваат поглавјата кои се посветени на платите и надоместоците

од плата, работното време, паузите, отсуствата и одморите, безбедноста и здравјето при работа, посебната заштита на посебни категории на вработени (жената, работниците под 18 години возраст, инвалидите, повозрасните работници), како и остварувањето на правата, обврските и одговорностите од работен однос.

Колективното преговарање, односно колективните договори, како

автономен извор на трудовото право, исто така, се предмет на разгледување во трудот. Ова поглавје започнува со поимното

определување на колективниот договор, дефиницијата, теориите за правната природа, предметот, содржината на колективните договори, субјектите, правната рамка (меѓународна, регионална и национална), институционалната рамка, моделите на преставување, репрезентативноста и постапката за стекнување на репрезентативен статус на синдикатите и здруженијата на работодавачите и др.

Економско социјалниот совет, како трипартитно тело, кое има

исклучиво советодаво-консултативна функција, исто така, има свое значајно место во поновата историја на трудовото право, па затоа му посветивме доволен простот студентите да се запознаат и со надлежностите и значењето на ова тело.

Познато е дека работните односи по својата природа се конфликтни,

кои предизвикуваат колективни и индивидуални спорови: штрајкови и разни други видови на работнички незадоволства. Едно поглавје е посветено и на штрајкот, правото на штрајк и начинот на негово организирање.

Природно продолжение на предходното поглавие, секако е

проблематиката која е поврзана со мирното решавање на индивидуалните и колективните работни спорови.

Потоа следува поглавјето кое се однесува на инспекцискиот надзор

во областа на трудот како нераскинлив дел на предметот трудово право.

Сосема за крај, поместени се прашањата кои се однесуваат на

правата од пензиско-инвалидското, здравственото, осигурувањето во случај на невработеност, како и други правни институти поврзани со оваа проблематика.

Scene 4 (3m 30s)

4

Авторизираните предавања во текот на наредниот период ќе се

надградува, во зависност од динамиката на законските измени во оваa област и хармонизацијата и унификацијата со правото на Европската унија и меѓународното право.

Труд, односно авторизираните предавања во потполност одговара на

современите европски универзитетски стандарди и на новите наставни планови и програми кои се воведени на Факултетот за правни науки-Штип.

Вo времето на подготвувањето на овој труд, постојано се

наметнуваше прашањето за структурата и обемот на трудот од аспект на програмска содржина на предметот. Како автори оценивме дека

содржината е сеопфатна, кореспондира со програмата и соодветно е прилагодена за потребите на студентите.

Од авторите

Штип, 2012 година

Scene 5 (4m 3s)

5

ПРВ ДЕЛ

1. ОСНОВНИ ПРАШАЊА НА ТРУДОВОТО ПРАВО

1.1 ПРЕДМЕТ, СОДРЖИНА, ДЕФИНИЦИЈА, СУБЈЕКТИ И

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРУДОВОТО ПРАВО

1.1/1 Предмет на трудовото право Трудовото право е релативно нова, млада правна дисциплина и

неговото постоење се бележи за период од едно столетие.1 Неговиот развој и подем се манифестираат како на субјектите на кои се однесуваат неговите принципи и норми, така и на односите што ги уредува, особено на неговиот предмет.

Трудовото право, како гранка на правото и правна наука е во

перманентна експанзија. Во современото општество, трудовото право, на почетокот, ги опфаќаше само индустриските работници, а денеска тоа, со правните норми кои ги уредува, принципи и начела ги опфаќа сите вработени лица, во една држава, без оглед на тоа што работат и за кои дејности засноваат работен однос (јавен и приватен сектор и странци како вработени лица). Прописите од областа на трудовото право се применуваат како на вработените и работодавачите во приватнот сектор (стопанството), така и во нестопанските дејности. Важноста на трудовото право се огледа и во фактот што тоа ја

регулира положбата, правата и обврските, животните и работните услови на најмногубројното население во една држава, а тоа се вработените, уредувајќи ги на тој начин и егзистенционалните прашања на нивниот секојденевен живот. Што се однесува до предметот на трудовото право, помеѓу

теоретичарите од ова област, неспорно е дека „тоа е самостојна правна гранка која има свој посебен предмет на проучување, а тоа се работните односи, односно односите што се воспоставуваат во областа на трудот. Значи, предмет на изучување на трудовото право е, пред се, трудот,2

чија основа, е работниот однос, што се воспоставува меѓу работникот, кој

1 Во текот на 19 век Трудовото право се оденесуваше на заштитата на децата и жените и на посебна заштита на одредени категории работници кои поради болест, старост, инвалидност беа опфатени. Денешното трудово право ги опфаќа скоро сите вработени во едно општество (една држава). 2 „Секој труд од една страна е потрошок на човековата работна сила во физиолошка смисла и во ова својство на еднаков човечки или апстрактен човечки труд, ја создава вредноста на стоката. Од друга страна, секој труд е потрошок на човековата работна сила во посебна целесообразна форма, а во ова својство на конкретен полезен труд тој произведува употребни вредности“. Karl Marks, Капитал, Мисла, Скопје, 1975, стр.53. „Употребувањето на работната сила е самиот труд. Купецот на работната сила ја троши со тоа што нејзиниот продавач ја пушта да работи за купецот“. „Под работна сила, или способност за труд разбирам целокупност на физичките и духовните способности што постојат во телесноста, во живата личност на човекот и што ги става тој во движење секојпат, кога произведува употребни вредности од било кој вид“. Karl Marks, Капитал, Мисла, Скопје, 1975, страна 163 и 154.

Scene 6 (5m 38s)

6

го отстапува (изнајмува) својот труд (работни активности), за да може да обезбеди средства за лична и семејна егзистениција и сопствениците на средствата за работа (капиталот) – работодавачите.3 Иако работните односи кои настануваат во областа на трудот се

основен предмет на трудовото право, сепак секој труд не преставува предмет на трудовото право. Предмет на оваа гранка на правниот систем претставува само трудот на кого му е основ работниот однос. Во трудово – правната теорија не постои несогласување дека како

предмет на трудовото право се работно – правните односи.

Несогласувањето се однесува на прашањето дали проблематиката на социјалното осигурување треба да претставува предмет на трудовото право или не. Повеќето автори, во предметот и содржината на трудовото право ја вклучуваат и проблематиката на социјалното осигурување во случај на болест, повреда при работа, старост и смрт. Како аргументи за таквата своја определба го наведуваат фактот дека правото на социјално осигурување е едно од основните права од работен однос и дека тоа во најголем дел ги опфаќа лицата во работен однос (и оние кои биле во работен однос, пример, здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност). Според други автори, предметот на трудовото право треба да се

ограничи само на проблематиката на работните односи, а материјата на социјалното осигурување (пензиско и инвалидско, здравствено и

осигурување во случај на невработеност) да се инкорпорира во системот на социјалната политика. За ова како аргумент се наведува фактот што додека лицата од работен однос покрај правата по основ на работа ги имаат и правата од социјалното осигурување, додека лицата кои не се во работен однос ги имаат сите права од социјалното осигурување, но ги немаат правата од работен однос. Овие автори најчесто зборуваат за трудово и социјално право, сакајќи да укажат дека било кој од овие термини да се употребува е претесен за да го изрази предметот и содржината на трудовото право. Искуствата во определувањето на предметот и содржината на

трудовото право во современиот свет јасно ја изразува тенденцијата на одвојување на социјалното осигурување од трудовото право. Таквата тенденција се аргументира со фактот дека модерната и современата политика на социјалното осигурување и обезбедување се повеќе излегува од традиционалните рамки на заштита само на оние лица кои се во работен однос.4

3 „Работен однос“ е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работоавачот, за плата и други примања, лично непрекинато ја извршува работата според упатствата и под надзор на работодавачот„. (Закон за работните односи, член 5, став 1, т. 1 - Службен весник на РМ бр. 62/05. 4 Авторот сака да укаже дека, и да се прифати првото становиште, скоро да е невозможно материјата за социјалното осигурување солидно да се обработи со оглед на фактот што предметот Трудово право (како и другите предмети) е семестрален и фондот на часови е ограничен.

Scene 7 (7m 19s)

7

1.1/2 Содржина на трудовото право Трудовото право во основа ги опфаќа следните прашања кои ја

сочинуваат неговата содржина, што всушност претставува и предмет на проучување на трудовото право:  Работните односи меѓу работниците и работодавачите кои се

воспоставуваат со склучување на договор за вработување, односно правата и обврските што настануваат при засновањето на работниот однос и во текот на работата;

 Забраната на дирекна и индирекна дискриминација на кандидатот за

вработување и на работникот;

 Вознемирување и полово вознемирување како дискриминација (мобинг);  Договорот за вработување како единствен правен основ за засновање

на работен однос, правата и обврските на страните при склучување на договорот за вработување, неговата содржина и видови на договори за вработување;

 Обврски на работникот во врска со вршење на работата, обврски на

работодавачот;

 Прриправнички стаж, волонтерски стаж и пробна работа;  Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на

работникот и работодавачот;

 Плаќањето на работата;  Работното време, паузи , одмори и отсуства;  Надомест на штета, односно одговорноста на работниците за штета и

одговорноста на работодавачот за обештетување на работникот;

 Посебната заштита на жената, заштита на работниците кои не

наполниле 18 години возраст, заштита на инвалиди и посебна заштита на повозрасни работници;

 Остварување и заштита на правата, обврските и одговорностите од

работниот однос;

 Во прилог на заокружувањето на предметот и содржината на трудовото

право да ги наведеме и прашањата за мирно решавање на индивидуалните и колективните спорови, асоцијации на работници и работодавачи, односно синдикати и здруженија на работодавачи, колективното договоарање, штрајкот, економско – социјалниот совет и инспекцискиот надзор во областа на работните односи.

 Како дел од содржината на трудовото право неизбежно се наметнува и

прашањето за изворите на трудовото право, а посебно треба да се потенцира улогата и значењето на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и нејзината организациона структура и надлежност;

 Повеќето автори, во предметот и содржината на трудовото право ја

вклучуваат и проблематиката на социјалното осигурување, (социјалното право или социјалното законодавство).

Нормите и институтите на трудовото право се менувале во текот на

историјата во согласност со развојот на општеството, промените на општествените системи, а во рамките на иста држава, спрема степенот на

Scene 8 (8m 55s)

8

внатрешното уредување и економскиот развој. Така, во самиот почеток на својот развој, трудовото право било дел на граѓанското право и поради тоа, наемните работни односи во почетокот на XIX век биле вклучени во облигационо-договорните односи и како такви, влегле во граѓанските законици. Во средината на XIX век, под притисок на работничката класа, а со цел за подобрување на неподносливите услови на работа и животот, државата најпрво донела многу ограничено и по обем на заштита и по кругот на лицата кои ги опфакало, заштитно трудово законодавство (Англија, Германија и Франција). На крајот на XIX век и во почетокот на XX век, со појавата на работничките синдикати, а со тоа и со колективните договори, интервенцијата на државата во областа на трудот и работните односи била сè поголема, особено по Првата светска војна, што од друга страна, имало сè поголемо влијание на еманципацијата на прописите од областа на работата и работните односи од граѓанското право. За ова најмногу придонела Меѓународната организација на трудот (МОТ), така што во оделни држави сите прописи кои ги уредувале прашањата од работата и работните односи, се кодифицирале во посебни закони (Франција, Австрија, Холандија, Италија, Германија, САД и сл.).5

1.1/3 Дефиниција на трудовото право

Дефинирањето на секоја гранка на правото е обид да се проникне во

суштината на една правна дисциплина што преставува голем предизвик и ризик, а тој ризик е уште поголем и понеизвесен кога се прави обид за дефинирање на релативно нова правна дисциплина. Од друга страна, се работи за правна гранка која се наоѓа во експанзија како на национални, така и во меѓународни рамки. Најпрво, трудовото право се дефинира во неговото објективно

значење – што би значело дека трудовото право е збир на правни прописи со кои се уредува положбата на лицата кои вршат определена работа или определено занимање за определена плата. 6 Трудовото право во своето субјективно заначње претставува збир на

овластувања и права на поединци и група поединци, со што се дава приоритетно значење на поимот – труд. При дефинирањето на поимот на трудовото право, во трудово-

правната теорија, секогаш се поаѓа од предметот и содржината на оваа правна дисциплина. Со оглед на фактот дека предметот на трудовото право, всушност, е човековиот труд, оттука и потребата од утврдување на елементите на неговото конкретно сознавање. Човековиот труд е слободен индивидуален труд, односно труд на слободните луѓе. Тој истовремено е и несамостоен, односно зависен труд. Токму од овие две стојалишта, најмногу се одразува и целата идеологизација на самата дефиниција на трудовото право, која, кај некои теоретичари и автори е различна во

5 За ова види повеќе: Aleksić, Ž., Antonijević, Z., et all, Pravni leksikon, Savremena administracija, Beograd, 1970, стр. 951 6 Kaskel, Arbeitsresht, 1928, стр. 31

Scene 9 (10m 39s)

9

зависност од степенот на развојот на општествено-економските односи и услови во која се прават обиди да се дефинира трудовото право. Да наведеме уште некои обиди за дефинирање на трудовото право

кои датират од многу одамна. - Некои автори7, трудовото право го дефинираат како како збир на правни прописи кои ги уредуваат односите што се воспоставуваат при извршување на некоја работа за сметка на друг, што всушност значи дека трудовото право го проучува и уредува потчинетиот, зависен труд. - Други, дефиницијата на трудовото право ја поистоветуваат со односот меѓу работникот и работодавецот, при што трудовото право претставува збир на правни прописи кои се применуваат на колективните и индивидуалните работни односи, односно кои се воспоставуваат меѓу приватниот работодавец и оние кои работат под негов надзор. - Во други дефиниции кај други автори, се забележува поистоветување на поимот на трудовото право со неговата содржина при што, тоа, како правна гранка, ги опфаќа севкупните закони и принципи кои се однесуваат на определени прашања што ја сочинуваат неговата содржина (како што се меѓусебните односи на работникот и работодавецот, односите меѓу државата со работодавецот и работниците) и сето тоа, значи, дека трудовото право треба да ги предвиди на пример, работното време, одморите, инспекцијата на трудот, заштитата, како и колективните договори. - Понатаму, дека трудовото право претставува збир на прописи што ја уредуваат експлоатацијата на човековиот труд во услови на

капиталистичкиот начин на производство, потоа инструментите на борбата на работниците против таа експлоатација и ограничувањата на нивната експлоатација, што се резултат на таа борба.

И покрај постоењето на мноштво дефиниции на поимот на трудовото

право, сепак, кај сите нив постои една заедничка карактеристика. Сите тие дефиниции, во согласност со постојното работно законодавство, трудовото право го сведуваат на наемни работни односи на работниците и работодавците, како и на институциите во врска со тие односи, неопфаќајќи ги работните односи на јавните службеници.

Врз основа на претходното, можеме да формулираме една општа

дефиниција за трудовото право, според која: тоа е правна дисциплина која ги опфаќа севкупните правни правила (норми), со кои се уредуваат работно-правните односи, институциите и правните односи, кои се во непосредна врска со засновањето, остварувањето и раскинувањето на работните односи, како и мерките на посебната заштита и социјалното осигурување, кои општествената заедница им ги гарантира на лицата од работен однос.

Во поширока смисла, трудовото право е правна гранка која ги опфаќа

сите институти кои се предвидени и уредени со трудовото законодавство,

7 Повеќе за ова види: Старова, Г., Трудово право и работни односи, теорија и законодавство, Просветно дело АД, Скопје, 2003, стр.9-13.

Scene 10 (12m 22s)

10

како и сите оние чинители кои посредно и непосредно се однесуваат на работните односи.

Во потесна смисла, трудовото право ги опфаќа исклучиво само оние

начела и норми кои се однесуваат на утврдување и остварување на правата, обврските и одговорностите на работата и во врска со работата.

Едноставно речено, трудовото право преставува збир на правни

начела и правни правила со кои се уредуваат работните односи, како договорни односи меѓу работниците и работодавачите.8

1.1/4 Субјекти на трудовото право

Во врска со дефинирањето на субјектите на трудовото право се

наметнува прашањето за односот на релацијата со субјектите на работниот однос, бидејќи во прв поглед, колку и да постои идентичност, сепак треба да се прави разлика меѓу субјектите на трудовото право и оние на работните односи. Таа разлика е значајна и првенствено произлегува од положбата на субјектите во работниот однос и субјектите во трудовото право. Имено, субјектите во работниот однос се носители на правата и обврските кои произлегуваат од тој однос, а субјектите на трудовото право се оние чинители кои ги уредуваат и учествуваат во уредувањето и

имплементацијата на тие права и обврски и го овозможуваат и надгледуваат оживотворувањето на сите институции на трудовото право воопшто.

Во трудово-правната теорија, субјектите на трудовото право се

класифицираат на :

- индивидуални и колективни;и

- активни и пасивни.

Индивидуалните субјекти на трудовото право се субјектите или

учесниците меѓу кои се воспоставува работниот однос, односно сите лица кои се во работен однос, без оглед на фактот каде тој се засновува и каква е нивната положба во тој однос. Овие лица најчесто се и пасивни субјекти на трудовото право. Но, од аспект на нивната улога и положба во уредувањето на институциите на трудовото право, особено при

колективното договарање, како и во автономното уредување, овие лица сè повеќе стануваат активни субјекти на трудовото право.

Во групата на индивидуални субјекти на трудовото право спаѓаат

деловните субјекти, односно претпријатијата-друштвата во сите облици на сопственост и во сите дејности. Овие субјекти најчесто се јавуваат како пасивни субјекти, но тие се јавуваат и како активни, особено при склучувањето на колективните договори и при донесувањето на актите со кои се уредуваат институциите на трудовото право. Тоа значи дека под субјекти на работниот однос се подразбираат физички и правни лица (деловни субјекти), помеѓу кои се воспоставува работниот однос, а

8 Види повеќе кај Д-р Петар Наумоски, Трудово право, Скопје 2007, страна 13-16, Прв приватен универзитет – Европски универзитет на РМ-Скопје.

Scene 11 (13m 54s)

11

работникот, работниот однос го заснова со работодавачот, кај кого е вработен.9

Колективни субјекти на трудовото право се колективните

(колегијалните) органи на деловните субјекти (управни одбори, одбори на директори, комисии и сл.) Во оваа група на субјекти спаѓаат и работничките синдикати, органите на државната власт, одделни меѓународни

организации и заедници, чија дејност и активност се насочени кон проучувањето и уредувањето на прашањата од областа на работните односи. Во поново време, преовладува ориентацијата субјекти на трудово право да бидат колективните субјекти, поаѓајќи од самиот колективен карактер на правата од работниот однос, што е суштинска придобивка на современите текови на демократизацијата на трудот и трендовите на економскиот развој.

Во трудовото законодавство во Република Македонија е прифатен

класичниот пристап на работниот однос, како однос на трудот и капиталот, кој се заснова помеѓу два субјети-работникот и работодавецот. Според Законот за работните односи, работникот како еден од субјектите во работниот однос, го заснова тој однос, во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работодавачот, за плата и други примања, лично непрекинато да ја извршува работата според упатствата и под надзор на работодавачот.10 Работодавачот, како втор субјект на работен однос, е правното и физичкото лице како и други субјекти (органи на државна управа, органи на локална самоуправа, подружница на странско друштво, дипломатско и конзуларно

претставништво) кој вработува работник, врз основа на договор за вработување. Тоа значи дека под субјекти на работниот однос се подразбираат физичките и правни лица помеѓу кои се воспоставува работниот однос.11

1.1/5 Карактеристики на трудовото право Трудовото право, како посебна правна дисциплина, во единствениот

правен систем на една држава има свои специфични карактеристики кои произлегуваат токму од определеното место на трудовото право во правниот систем, како и од неговиот предмет и содржина.

Едно од основните карактеристики на tрудовото право е неговата

динамичност која перманентно го следи неговото создавање и развој, неговото приспособување кон општествениот и економскиот развој, како и неговото влијание врз унапредувањето на тој напредок.

9 Зошто да не се сметаат за субјекти на трудовото право и „кандидатите за вработување“, имајќи ја во предвит законската регулатива за забрана на дискриминација (дирекна и индирекна). 10 Член 5, став 1, т 1, ЗРО. 11 Види Д-р Петар Наумоски, Трудово право, Скопје 2007, страна 16-18, Издавач Прв приватен универзитет – Европски универзитет на РМ. Повеќе за ова види: Старова, Гзиме., Трудово право и работни односи, теорија и законодавство, Просветно дело АД, Скопје, 2003, стр.20-21.

Scene 12 (15m 32s)

12

Трудовото право го карактеризира и експанзијата на неговиот

предмет и содржина, во смисла на опфаќањето на се поголем број лица во работен однос, како и на сè поразновидните облици на трудот.

Екстензивноста, како карактеристика на трудовото право,

претставува сè поширокото опфаќање од страна на трудово-правните прописи на мерки и форми за унапредување и заштита на правата на лицата во работен однос, а во тие рамки и што поширока опфатеност на работните односи во областа на различни дејности.

Како карактеристика на трудовото право претставува и

единственоста која се согледува во тенденциите кон што поголема унификација, генерализација, односно во што поголема универзалност на трудовото право во однос на основните, односно минималните права.

Конкретноста на трудовото право како една од неговите

карактеристики, во основа, е, да се заштити положбата на работниците на најефикасен и оптимален начин, при што, трудовото право на конкретен начин ги уредува условите за работа, правата и обврските на работниците, притоа водејќи сметка за низа специфичности што ја определуваат нивната положба во текот на работата (големината на деловните субјекти, природата на дејноста што се врши, потоа возраста на работниците, нивниот пол и сл.).

Друга карактеристика на трудово право е неговата непостојаност,

односно променливост. Имено, сите трудово-правни прописи и норми своите основи и корени ги имаат во економско – политичкиот систем, кои зависат од неговиот развој.

Зборувајќи за карактеристиките на трудовото право, треба да се

нагласи и констатира дека трудовото право има задолжителен карактер во смисла на почитување на пропишаните норми, чие непочитување законодавецот го санкционира со определени мерки.

При определувањето на овие карактеристики, значајно влијание

имаат и вкупните општествено-економски и политички односи во определена држава, но нивното влијание не треба да биде со таков интензитет, што од политиката би се направила цврста основа за определување на карактеристиките на трудовото право.12

1.2 МЕСТО, ЗНАЧЕЊЕ, НАЗИВ И ОДНОСОТ НА ТРУДОВОТО ПРАВО

СО ДРУГИТЕ ПРАВНИ ДИСЦИПЛИНИ

1.2/1 Место на трудовото право во правниот систем

Меѓу теоретичарите се поставува дилемата дали трудовото право

спаѓа во приватното или во јавното право. Трудовото право во почетокот на својот развој за свој предмет имал регулирање на односите меѓу

12 Види: Старова, Гзиме. Ibid, стр.14-15.

Scene 13 (17m 6s)

13

работниците и работодавачите и тоа врз основа на индивидуални договори за наем, кои по својот карактер претставувале граѓанско – правни договори. Со таквиот свој предмет на регулирање трудовото право спаѓа во доменот на приватното право.

Во понатамошниот развиток на трудовото право, со започнување на

државната интервенцја во работните односи, а тоа особено во областа на заштита на правата на лицата во работен однос, се намала доминацијата на приватното право во определување на местото на трудовото право и се повеќе почнуваат да се јавуваат елементи од јавно – правен карактер, кои постепено го преземаат приматот при определување на местото на ова правна дисциплина.

Според едни теоретичари, интервенцијата на државата во работните

односи и донесувањето на императивно законодавство во областа на трудот не влијае врз промената на карактерот на трудовото право, така што тоа и понатаму останува во рамките на приватното право и тоа се додека предмет на неговото редување се односите меѓу приватните работодавачи и работниците.13 Според други теоретичати, интервенцијата на државата во

уредувањето на работните односи е повеќе од доволен аргумент за да го одредат местото на трудовото право во доменот на јавното право. Некои автори застапуваат мислење дека е невозможно при

определувањето на местото на трудовото право во правниот систем да се постави исклучива граница меѓу тоа дали трудовото право спаѓа во приватното право или јавното право врз основа на принципот или-или. Тие истакнуваат дека друдовото право уредува (и проучува, а законите уредуваат, забелешка на авторот) и материја која по својот карактер спаѓа во приватното право (доколку неговите норми се однесуваат на односите меѓу поединци кои се уредуваат врз основа на договор) и материја која спаѓа во јавното право (доколку предмет на негово регулирање е заштитата на вработените лица, нивното осигурување итн.). Според тоа, трудовото право би спаѓало и во приватното и во јавното право, односно на мешовити правни дисциплини кои се наоѓаат меѓу јавното и приватното право (има елементи и на јавно и приватно право - забелешка на авторот). Некои теоретичари сметаат дека трудовото право е самостојна,

единствена правна гранка во севкупниот правен систем на една држава, која се развила од мал збир прописи на договор за работа, во самостојна и автономна гранка на правото, со сопствени субјекти, сопствен предмет и содржина, сопствени начела и извори, кои се во една органски поврзана целост и кои се разликуваат од оние на другите правни гранки.14 13 Меѓутоа, кога како работодавач е друг субјект (орган на државната власт, орган на единица на локалната самоуправа, дипломатско и конзуларно преставништво, како и државните установи, јавните претпријатија, заводите, фондовите, кои вработуваат работници врз основа на договор за вработување, каде интервенира државата со императивно законодавство во областа на работните односи, трудовото право ги има сите елементи на јавно право. 14 Повеќе за ова види: Старова, Гзиме. Ibid, стр.27-28.

Scene 14 (18m 52s)

14

1.2/2 Значењето на трудовото право

Беше истакнато дека трудовото право е релативно млада правна

дисциплина (егзистира околу едно столетие), но во потполна експанзија и динамичност и една од позначајните правни гранки. До кој степен трудовото право се одликува и со жива динамичност сведочи и мислата на познатиот трудово – правен теоретичар Жорж Сорел кој вели: „Ние кои се бавиме со изучување на трудовото право сме посреќни од оние кои го изучуваат римското право (кои секцираат леш), или од цивилистите (кои често пати негуваат старец), зашто можеме да го изучуваме и следиме развитокот на еден млад човек. Ние гледаме како живее работничкото право, како една институција родена спонтано во рамките на општествените односи“.15 Значењето на трудовото право се огледува и во перманентното

проширување на предметот и содржината на трудовото право, така што со своето уредување тоа ги опфаќа лицата кои своите активности ги обавуваат во сите стопански и нестопански дејности и тоа денес се повеќе има тенденција да ги опфати сите лица кои обавуваат професионални активност, без разлика од каков вид се тие. Значењето на трудовото право се огледа и во фактот што тоа ги

уредува работните односи и работните услови на милиони вработени лица кои живеат од својот труд и на тој начин постанува регулатор на нивната материјална и социјална положба. Оттаму, трудовото право за работните луѓе има големо значење зашто сета нивна егзистенција, сиот нивен живот зависи од него, а со тоа трудовото право добива не само правно, туку и политичко, социјално и економско значење во определено општество и во светот воопшто. Со натамошната еволуција и проширување на предметот и

содржината на трудовото право, тоа се повеќе добива во своето значење, зашто за него никогаш не ќе може да се рече дека е една константна правна дисциплина која е еднаш за секогаш детерминирана.16

1.2/3 Назив на трудовото право

Правната дисциплина чии предмет на уредување и проучување го

сочинуваат работните односи воопшто со сите оние прашања кои нив ги детерминираат (зановањето и престанокот на работниот однос, положбата на работниците, правата и обврските на работниците и работодавачите, нивната оговорност и друго), како и органите, организациите и институциите од областа на трудот17, се именува како трудово право и

15 G. Levasseur, Evolution, caractere tendances du Droit du travail, Le Droit preve au milieu du XX-ieme siecle. G. Ripett. t. II, Paris, 1950, 444. 16 Повеќе за ова види: Старова, Гзиме. Ibid, стр.15-16. 17 Мирното решавање на индивидуалните и колективните спорови (мировен совет, арбитража), асоцијации на работници и работодавачи, односно синдикати и здруженија на работодавачи,

Scene 15 (20m 29s)

15

како позитивно – правна и како научна – дисциплина. Овој назив е главно општо прифатен во сите земји, што не беше случај во досегашниот развој на трудовото право. Имено, трудовото право е една од правните дисциплини кои низ текот на својот развој го менува и својот назив, што не е случај со некои други правни дисциплини, чие име е утврдено при самото нивно основање и константно употребувано во текот на целиот нивен развој.

Трудовото право, како назив за правна дисциплина е во употреба од

понов датум. Називот на трудовото право во текот на неговиот развој се менувал во зависност од тоа што оваа правна дисциплина проучуваше и уредуваше и на кои субјекти се однесува неговиот предмет на проучување.

1. На почетокот на својот развој трудовото право беше познато под

името фабричко законодавство, односно идустриско. Тоа од причина зашто, предмет на неговото проучување биле работните односи кои се засноваа во областа на индустриските дејност, во фабриките, а неговите правни норми се однесуваа на работниците кои се вработуваат во дејности од областа на индустријата.

Називот фабричко, односно индустриско законодавство (legislation

industrial), за трудовото право е несоодветен и претесен, зашто со него можат да се опфатат само оние правни норми и да бидат уредени само оние работни односи кои се засноваат во областа на индустријата, а не и работните односи кои се засноваат во областа на трговијата,

земјоделството, рударството, сообраќајот, а камо ли работните односи на работниците врзботени во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа, установите, јавните претпријатија, фондовите и други правни и физички лица кои вработуваат работници (забелешка на авторот). Потенцирајќи ги работните односи како основен предмет на трудовото право, називот фабричко, односно индустриско законодавство би можел да биде и преширок, бидејки уредувањето на односите во областа на индустријата опфаќа и низа институции и односи (кои не се работни односи) кои не се предмет на трудовото право (на пример, правата од индустриска сопственост – патенти, индустриски дизањ и др.).

2. За трудовото право, во правната теорија се сретнува и називот

работничко право или работничко законодавство (legislation auvriere, arbeitszecht, со образложение дека тоа, првенствено се однесува на работниците. Овој назив за трудовото право е неадекватен зашто неговите норми не се однесуват само на работниците (кои се само еден субјект, страна, на работниот однос), туку и на работодавачите и пошироко, како што беше образложено погоре.

3.Трудовото право често било именувано и како синдикално право (le

driot syndical). Употребата на овој назив за трудовото право се правда со фактот за се поширокиот обем на заштита на работниците што општеството

колективното договоарање, штрајкот, економско – социјалниот совет и инспекцискиот надзор во областа на работните односи.

Scene 16 (22m 11s)

16

им ја пружа и се поголемата улога што при заштитата ја имаат синдикатите. Улогата на синдикатите е несомнена во остварување на правото на колективното договарање (но и индивидуална заштита на правата на работникот, во споровите и постапките со работодавачот), а со тоа и можноста прашањата во врска со работните односи да се уредуваат со колективните договори. Со сиот респект кон улогата што синдикатите ја имаа низ историјата на работничкото движење во остварувањето и заштитата на правата на работниците, но овој назив не може да се прифати како дефинитивен, бидејки синдикалното право, односно синдикатот и правото на здружување на работниците се само дел од трудовото право. 4. Меѓу називите кои се среќаваат за да се именува трудовото право

е и називот работничко заштитно право. Овој назив се раководи од фактот што одредени услови за работа би можеле да имаат штетни последици врз безбедноста и здравјето на работниците, како од потребата за спречување на нивното настанување, или барем нивно намалување, со преземање на соодветни мерки. Безбедноста и здравјето при работа, поседно е денес актуелно како мултидисциплинарно подрачје, и таа проплематика е само дел од трудовото право како негова заштитна функција. И овој назив е претесен, со оглед на предметот на проучување и уредување на современото трудово право. 5. Друг назив кој се употребувше и предлаше за трудовото право е и

називот социјално право или социјално законодавство (droit social, legislation social). Употребата на овој термин е од понов датум и со него се сака да се изрази перманентното проширување на предметот на трудовото право, кој во себе го опфаќа и социјалното осигурување. Меѓутоа, предмет на уредување на социјалното право се односите на социјалната заштита воопшто, додека основен предмет на уредување на трудовото право се работно – правните односи. Социјалното право и социјалното

законодавство имаат за цел заштита на работниците во случаи кои не произлегуваат од неговите односи со работодавачот (обично по престанокот на работниот однос). Трудовото право има за основна цел заштита на работниците во односите со работодавачот (за врема на работниот однос), при што во содржината на трудовото право свое место зазема и социјалното право и законодавство. Значи, трудовото право ја опфаќа и едната и едната и другата материја, па оттаму и неадекватноста на поимот социјално право, односно социјалното законодавство како назив на трудовото право, (кој е претесен), поради неможноста со него да се изрази севкупниот предмет и содржина на рудовото право. 6. Во поново време се употребува и терминот право на

професионални активноти (droit de l’ activit professionale). Примената на овој назив во теоријата се аргументира со фактот што во поново време трудовото право и трудовото законодавство бележат една јасно изразена тенденција на што поширока опфатеност со нивните начела и норми на што поголем круг лица, кои не се применуваат само на лица кои се во работен однос, туку со нив да бидат опфатени и лицата кои се бават со разни професионални дејности. Називот професионално право, односно право на

Scene 17 (23m 54s)

17

професионални активности со оглед на својот предмет е, исто така, неадекватен за да го изрази предметот на трудовото право, затоа што трудовото право опфаќа поширок круг на лица (кои се и кои не се во работен однос, и кои не се бават со професионални активности, односно вршат работи од привремен карактер). Од изложеното, за проблемот со називот на ова гранка на правото и

научна дисциплина, може да се заклучи дека називите кои ги протежираат правните теоретичари како алтернатива на називот трудово право се неадекватни и не наидуваат на пошироко прифаќање во правната теорија и практика. Тоа не значи дека називот трудово право е најадекватен и

најпрецизен, но засега, во современата правна теорија преовладува и останува како најдобар, зашто подобар за сега нема (односно не е измислен). Називот трудово право е општо прифатен во правната теорија и законодавство во речиси сите земји, како во меѓународното општење меѓу државите по прашањата на трудот и работните односи, така и од Меѓународната организација на трудот, бидејки се смета дека

најсеопфатно ја изразува содржината и предметот на ова правна дисциплина.18

1.2/4 Односот на трудовото право со другите правни

дисциплини

Односот на трудовото право со другите правни дисциплини е

потребно да се разгледа со цел да се изврши нивно разграничување. Тоа може да се направи и согледа само преку разграничување на предметот и содржината на трудовото право, од другите правни дисциплини.

При разгледување на односот на трудовото право со другите правни

дисциплини, како и при нивното меѓусебно разграночување се наидува на објективни тешкотии, зашто е многи тешко да се постави граница меѓу нив. Сите правни дисциплини се делови на еден ист единтвен правен систем, чии предмет на уредување се разните области на општествените односи. Сите тие области се поврзуваат меѓусебно, надополнуваат, па дури и преплетуваат во нивното уредување.

1. Однос на трудовото право и уставното право

Уставот, како највисок и најважен правен акт, ги содржи основните

начела на општествено – економското уредување19 и дека во тие рамки во

18 Повеќе за ова види: Старова Гзиме., Трудово право и работни односи, теорија и законодавство, Просветно дело АД, Скопје, 2003, стр.16-20 и д-р Тито Беличанец и д-р Гзиме Старова, Трудово право, Правен факултет Скопје, 1996, страна 16-20.. 19 Во одделот за „Основни слободи и права на човекот и граѓанинит, делот под 2 „Економски, социјални и културни права“, во членот 32, станува збор, односно Уставот гарантира 1. право на работа, 2.слободен избор на вработување,3. заштита при работа, 4. материјална обезбеденост за време на привремена невработеност, 5. достапност на секое работното место под еднакви услови, 6.

Scene 18 (25m 30s)

18

него се содржани и основните начела на трудовото право и работните односи. Тие основни начела на Уставното право, се истовремено и предмет на изучување и уредување на трудовото право, како посебна правна дисциплина, кои таа ги пресема од Уставното право и натаму ги разработува и преки законите попрецизно ги уредува.

2. Однос меѓу трудовото право и граѓанското право Покрај посебноста на предметот, соджината и карактерот на

трудовото и граѓанското право, сепак е неизбежна нвната непосредна поврзаност и испреплетеност. Тоа особено се согледува при користењето од страна на трудовото право на одредени начела и прописи на граѓанското право. Таков е случајот со валидност на волјата при склучување на договорот за вработување. Посебно треба да спомене и надоместокот на материјална и нематеријална штета кој се врши врз основа на граѓанско правните прописи и теорија20, што важи и за постапката за работните односи пред редовните судови. Ви сите овие случаи трудовото право не навлегува во поцелосно изучување на проблемите, зашто тие како такви претставуваат предмет на граѓанското право.

3. Однос на трудовото право и административото (управното)

право

Со развитокот на трудовото право и законодавство, како и со

проширувањето на работните односи, односот меѓу трудовото право и управното право стануваше се потесен. Тие прави дисциплини заемно се надополнуваат и нивниот предмет на проучување и уредување често меѓусебно се испреплетува. Таков е случајот, на пример со прашањата на работниот однос на државните службеници, заштитата на работниците во поглед на безбедноста и здравјето при работа, осигурувањето на работниците итн. На пример, правните прописи кои ги уредуваат правата и обврските на државните службеници, се предмет на трудовото право, додека, прописите со кои се уредуваат организацијата на државната управа, функционирањето и активностите на државните службеници, одговорноста и односот со граѓаните од нивниот управен однос, се предмет на управното право. Ист е случајот и со прописите за безбедност и здравје при работа и за социјалното осигурување, кои се предмет на трудовото право, но нивното остварување и обезбедување е тесно поврзано со

секој вработан има право на соодветна заработувачка, 7. платени одмори за вработените, од кои права не можат да се откажат, и дека Уставот ги препушта остварувањето на правата на вработените и нивната положба да се уредуваат со закон и колективни договори.“ Понатаму, Уставот, во членот 34 утврдува дека „ граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдено со закон и колективен договор, понатаму, Уставот го гарантира правото на граѓаните да основаат синдикат (член 37), се гарантира правото на штрајк (член 38). 20 Ако на работникот му е предизвикана штета при работа или во врска со работата, работодавачот е должен да му ја надомести штетата, според општите правила на одговорност за надоместок на штетата. Член 159 од Законот за работните односи.

Scene 19 (27m 2s)

19

прописите на управното право (работата на фондовите за здравствено и пензиско и инвалидско осигурување). Понатаму, и во трудовото и во управното право предмет на уредување е инспекцијата на трудот, но со таа разлика што управното право ја уредува нејзината организација и функционирањето, а трудовото право нејзината надзорна функција и нејзината улога во доменот на заштитата на работниците во работен однос.

4. Однос на трудовото право и другите правни дисциплини

Овде ќе стане збор за односот на трудовото право со кривичното

право, како и со трговското (стопанското) право.

Работникот, покрај тоа што одговара дисциплински за повреда на

работните обврски, (односно работодавачот може да му го откаже договорот за вработување од лични причини на страна на работникот, ако работникот не ги извршува работните обврски утврдени со закон, колективен договор, акт на работодавачот и договорот за вработување, или ако ги крши работниот ред и дисциплина), може да одговара и кривично за противправни дејствија кои содржат елементи на кривично дело и тоа за кривични дела против работните односи, кои се предмет на уредување на кривично – правните прописи. Така, во поглавјето „кривични дела против работните односи“ се предвидени следните кривични дела: повреда на правата од работен однос; повреда на правото од социјално осигурување; злоупотрба на правото од социјално осигурување; повреда на правата за време на привремена невработеност; непреземање мерки за заштита при работа и повреда на правото за учество во управувањето.21

21 КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ Повреда на правата од работен однос Член 166 Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2)Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. Повреда на правото од социјално осигурување Член 167 Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и други видови социјално осигурување и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. Злоупотреба на правата од социјално осигурување Член 168 Тој што со симулирање или предизвикување болест или неспособност за работа ќе оствари право на здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и други видови социјално осигурување, што според закон, друг пропис или колективен договор не му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Повреда на правата за време на привремена невработеност Член 169

Scene 20 (28m 40s)

20

Трудовото право има одреден врска со трговското право што е

особено присутно во областа на наградувањето за извршената работа, односно платите. Со оглед на фактот што ова проблематика е една од основните права на работниците од работен однос, тоа, без дилема, спаѓа во доменот на трудовото право. Меѓутоa, како платите својот основ го имаат во севкупниот приход, што трговските друштва го остваруваат во своето работење, отаму тие навлегуваат и во доменот на трговското право. Трудовото право, разгледувајќи ја проблематиката на платите, мора во одреден обем да го опфати и прашањето за распределбата на севкупниот доход и да укаже на принципите и основите на таа распределба, зашто во тие рамки се разработуваат и мерилата и основите на распределбата на средствата наменети за наградување на работниците за извршената работа. Со Општиот колективен договор за стопанството на Република Mакедонија, во членот 26 е предвидено дека „на работникот може да му се исплати и дел по основ на деловна успешност“.22

Тој што со злоупотреба на службената должност не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор за правата на граѓаните за време на привремена невработеност и со тоа на друг потешко ќе му го повреди или одземе правото што му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Непреземање мерки за заштита при работа Член 170 (1)Одговорно лице во правно лице кое свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор за мерките за заштита при работата, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2)При изрекувањето условна осуда судот може на сторителот да му наложи во определен рок да постапи според прописите за мерките за заштита при работата. (3) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. Повреда на правото за учество во управувањето Член 171 Тој што со повреда на прописи или општи акти ќе му одземе или ограничи на друг право да учествува во управувањето со правното лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. 22 Повеќе за ова види: Старова Гзиме., Трудово право и работни односи, теорија и законодавство, Просветно дело АД, Скопје, 2003, стр.23-27 и д-р Тито Беличанец и д-р Гзиме Старова, Трудово право, Правен факултет Скопје, 1996, страна 23-27.

Scene 21 (30m 0s)

21

2. РАЗВОЈОТ НА ТРУДОВОТО ПРАВО И ЗАКОНОДАВСТВО

2.1 Развој на трудовото право низ историјата

Трудовото право како релативно млада и посебна правна

дисциплина, со посебен предмет на проучување има динамичен развој за разлика од други правни дисциплини. Нејзиниот развој во посебна правна дисциплина се одвиваше во еден долг процес на постепено одвојување од граѓанското право.

Развојот на трудовото право беше условен од низа фактори и тоа

пред се од постоењето на таков економски развиток и настанувањето на такви промени во економскиот живот, од кои неминовно се јавува поголема и континуирана потреба од работна сила, како и создавање на наемни работници. Реализацијата на првиот фактор беше овозможен дури со создавањето на капиталистички производни односи, а вториот со создавање на правно слободни лица, кои врз основа на сопствена волја ќе можат да стапат во правни односи со друг лица. Тие правно слободни лица, освен сопственоста на својата работна сила немаат ништо друго да понудат под наем на лицата на кои таа работна сила им е потребна. Затоа, за работите односи како предмет на трудовото право, , а со тоа и за трудовото право воопшто како правна дисциплина не може да стане збор ниту во робовладетелството, а ни подоцна во феудалната држава.

Во робовладетелската држава, поточно во Римската империја,

работата се сметала како недостојно дело, како казна, како нужна дејност, наменета само за робовите, како би можеле да произведуваат материјални добра за потребите на помал дел од населението, за потребите на определена привилегирана елита, а тоа биле робовладетелите. Така, тие можеле да се посветат само на оние духовни активности за кои сметале дека само тие се способни да ги обаавуваат, а тоа биле: уметноста, филозофијата, политиката, музиката, литературата и друго. Бидејќи робот вршел работа за робовладетелот, меѓу нив се воспоставува извесен однос, меѓутоа тој однос не бил уреден со никакви правни норми. Робот бил сметан како предмет – res, робовладетелот располагал со него, така што можел да го продаде како и секој друг предмет. Робот не можел да биде субјект на правото, па со тоа ниту странка при некакво правно уредување на условите за неговата работа.

Римското право го познавал договорот за наем на работна сила -

location conduction operarum, кој служел да ја пополни правната празнина во уредувањето на односите меѓу слободните граѓани, при давање на работна сила под наем за одредена награда.

Во феудалното општество кметовите биле во поинаква положба

од робовите во робовладетелското општество, но и тие не биле независни. Тие биле во зависна положба спрема феудалците и нивниот меѓусебен однос не се темелел на некој договор за наем на работна сила, туку се уредувал врз основа на сопственоста што земјопоседникот ја имал врз

Scene 22 (31m 36s)

22

земјата, на која работел кметот, за која бил врзан и која не можел да ја напушти без согласност на феудалецот.23

Со појавата на занаетчиството и трговијата по градовите се создава

посебен однос на трудот и тоа особено во занаетчиството каде што се воспоставувал однос меѓу калфата и чиракот, од една и мајсторот, од друга страна. Овој однос бил израз на припадноста на една иста сталешка организација, на еден еснаф чиј основ не бил договор за работа, туку еснафски статут од кој за обете страни на статутот – и за калфата и чираците и за мајсторите, произлегувале одредени права и обврски.

Од изнесеното, произлегува заклучок дека во робовладетелското

општество и феудалното општествено уредување не само што не постоеле работни односи и трудово право кое би ги уредувало тие односи, туку и не било можно тие да постојат, зашто не постоеле основните претпоставки за нивната појава, а тоа е создавање на наемни работници и порастот на потребата од нив (економски развиток). Во капитализмот, наведените основни претпоставки за појавата на

трудовото право, како и на трудовото законодавство почнуваат да се исполнуваат со неговата појавата. Потребата од правно уредување на проблемите од работниот однос, кои подоцна стануваат предмет на трудовото право како посебна правна дисциплина, се појавува на историската сцена на човештвото паралелно со појавата на порастот на потребата од работници, односно со појавата на вработувањето како историска нужност. Тоа било условено со индустриската револуција и со воведувањето на машинското производство, кое овозможува вработување на голем број лица – работници (правно слободни лица, наемни работници), при што најчесто не се водело воопште сметка кои лица и под кои услови се вработуваат. Во времето на економскиот либерализам24 под паролата на

„слободно договарање на работата и работните услови„, била овозможена една од најгрубите експлоатации на работниците што воопшто ги познава историјата. Уредувањето на работните односи се вршело со помош на слободни договори за работа меѓу работодавачите и поедини работници, како строго доминантен концепт во односите на трудот, кој се состоело во целосна потчинетост на масата на еден поединец. Принципот на слободно договарање во односите меѓу страните и принципот на 23 Stvarnite prava, potocno pravoto na sopstvenost kako glavno stvarno pravo vo feudalizmot se deli po sodrzina taka sto sopstvenosta bila podelena - dominium divisum. Osnovni nejzini delovi se: dominium eminens, dominium utile i dominium directum Dominium utile, zaedmo so dominium eminens (vrhovno pravo na sopstvenost na vladetelot koj imal vrhovno pravo na sopstvenost nad celata zemja) i dominium directum (sopstvenicko pravo na feudalecot) pretstavuvaat sostavni delovi na podelenata sopstvenost (dominium divizum) vo feudalnoto op{testvo.

Dominium utile se sostoi vo ogranicenoto sopstvenicko pravo na kmetot, neposredniot drzatel na

parceto zemja, koj gi sobira plodovite od nea, no za toa e dolzen da isplati odredeni davacki - realni tovari sprema feudalecot, koj imal dominium directum.

Povece za toa videte kaj M. Polenak-A}imovska, Rimsko pravo i razvojot na pravoto na

sopstvenost, ,,Sdudentski zbor” , Skopje, 1990, strana 90-92. 24

Scene 23 (33m 20s)

23

слобода во економскиот процес на индустриализација, ја исклучувале интервенцијата на државата во работните односи. Индустриската револуција и либерализмот во производството, се

одвивале без никаква правна контрола. Машинското производство и мизерните услови за работа предизвикувале масовни повреди при работа, кои покрај нарушувањето на здравјето и на психо – физичкиот интегритет, на работниците, често пати биле следени и со нивна смрт. Како резултат на тоа, кражбите, пожарите, кршењето на машините, како и штрајковите биле некои од начините на кои работниците го изразувале револтот кон таквите состојби. Англија била прва земја во која доаѓа до интервенција на државата

во регулирањето на наемните работни односи, а тоа е рабирливо, ако се има во предвид фактот дека таа е земја – колевка на индустрискиот начин на производство. Во Англија, каде што индустриското производство бележело највисок степен на развиеност, а работничката класа завиден степен на организираност, кон крајот на 18 век и почетокот на 19 век започнуваат да се јавуваат мислења на поединци, во прв ред на лекари, филантропи,25 припадници на разни здруженија (првите социјал утописти Роберт Овен, Сен Симон), кои на разни начини се залагаа за интервенција на државата во полза на работниците. Еден од аргументите со кои тие настапувале пред јавноста е тој што интервенцијата на државата во работните односи не е нужна само поради заштита на работниците туку и поради „зачувувањето на здравјето и обезбедување на иднината на нацијата“, а во прв ред на општествено – политичкиот систем.26 Како резултат на тие загрижувачки апели за иднината на нацијата и

за зачувување на системот, како и на се поорганизираните притисоци на работниците, во Англија во 1802 година е донесен Законот за заштита на децата, кој претставува прво законско уредување на материјата за заштита при работа. Во 1833 година е донесен Законот за работното време чие траење изнесувало од 8 до 12 часа во текот на денот, во зависност од возраста на вработените лица. Во 1847 година е донесен Законот за десетчасовно работно време, а во 1907 година е донесен Законот за осумчасовно работно време. Интервенцијата на државата во областа на работните односи по

Англија, ги опфаќа и другите земји. Во Франција, во 1804 година, е донесен Граѓанскиот законик, кој содржи два члена (1780 и 1781) кои донекаде се однесуваат на работните односи и тоа: за нивното засновање, траење и престанок. Во членот 1781 е определено дека во случај на спор меѓу работникот и работодавачот по повод плаќањето надомест за вложениот труд ќе се верува на тврдењето на работодавачот.27 Првата интервенција на државата во регулирањето на работните

односи во Франција започнува со Законот за работниот ден на жените и децата, која доаѓа речиси четири децени подоцна во однос на онаа во

25 Филантроп – човекољубец. 26 Sasa Djuranovic Janda, Жена у радном односу, „Напредак“, Загреб, 1960, 15. 27 Code civile, edition de 1955, Paris, article 1780 i 1981

Scene 24 (35m 2s)

24

Англија (1840). Во 1874 година е донесен Законот за посебна заштита на жените, со кој се забранува ноќната работа на жените до 21- годишна возраст. Во Германија, интервенцијата на државата во регулирањето на

односите на трудот се јавува во 1839 година со донесувањето на Законот за заштита на детскиот труд. Во 1871 година е донесен Законот за работното време на жените кое изнесувало 11 часа во текот на денот, а во саботите 8 часа. Со Законот од 1918 година траењето е ограничено на 8 часа во текот на денот. Сето погоре изнесено, сепак претставува само почеток на

создавањето на трудовото законодавство, но не значи дека претставува и создавање на трудовото право како посебна правна дисциплина. До постепеното издвојување на трудовото право во посебна правна дисциплина доаѓа кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, кога доаѓа и до првите кодификации на трудовото право. Така, во Франција во 1910 и 1912 година е донесен Законот за работата (Code du travail). Периодот меѓу двете светски војни (1919–1939), се карактеризира со

брз развој на трудовото законодавство и трудовото право, во кој период се продолжува неговата кодификација.28 Трендот на развитокот на трудовото законодавство и трудовото право бил запрен со појавата на фашизмот во Италија, Германија и Шпанија во 1929 година, со што доаѓа до назадување на предходниот развој и се позитивно што пред тоа било постигнато во поглед на развитокот на трудовото законодавство и трудовото право. Трудовото право, по Втората светска војна постанува развиена

правна дисциплина во рамките на националните правни системи.

Социјализмот кој беше воведен во 1917 година во Советскиот сојуз

(СССР), а подоцна и во другите социјалистички земји, доведува до големи и динамични промени во тие земји во областа на трудовото законодавство и трудовото право. Уште во првите денови по Октомвриската револуција биле донесени првите прописи за заштита на работниците. Во октомври 1917 година е донесен Декрет за 8 – часовен работен ден, а пред тоа бил 11,5 часа и постоела законска можност за зголемување на работниот ден. Во 1918 година е донесен и првиот Закон за работни односи, а таков нов закон е донесен и во 1922 година. По Втората светска војна се донесени и нови закони за работните односи кои ја изразуваат моментната состојба во односите на трудот.

Сличен развој на трудовото право и трудовото законодавство

постоел и кај другите доскорашни социјалистички земји: Полска, Бугарија, Чегословачка, Романија, Унгарија, и други. Со распадот на СССР и Варшавскиот договор, секоја од тие земји почнува да гради сопствено и независно трудово законодавство и посебно трудово право, кое ќе ги одразува специфичностите на општествено – економското уредување. Некои од нив неодамна влегоа како полноправни членки на Европската 28 Посебни закони за трудот се донесени во Холандија во 1919 , 1930; во Белгија 1919, 1922 и 1930 година; во Италија во 1927; Австрија 1928; Германија 1934; во САД во 1935 година.

Scene 25 (36m 45s)

25

унија (Унгарија, Романија и Бугарија и други кои секако пред тоа извршија хармонизација и унификација на трудовото законодавство со она на ЕУ).29

2.2 Развој на трудовото право и законодавство во Македонија и Република Македонија 2.2/1 Развој на трудовото право и трудовото законодавство меѓу двете светски војни и по Втората светска војна Развојот на трудовото право и трудовото законодавство во Македонија се одвиваше во рамките на Кралството на Југославија. До 1918 година, поедини делови на Југославија, кои по 1919 година, кога е создадена предвоена Југославија влегуваа во нејзин состав, преставувале посебни подрачја во кои важеле различни политички, стопански и правни режими, во зависност од тоа, под патронот на чија земја припаѓале. Така, во Словенија и Далмација се применувало законодавството на Aвстрија бидејки тие биле составен дел на оваа замја. Во Хрватска и Војводина, како составни делови на Унгарија се применувало унгарското законодавство. Во Босна и Херцеговина, додека била под јурисдикција на Отоманската империја, се применувало отоманското законодавство, а потоа австро – унгарското. Во Македонија се применувало отоманското, како и бугарското законодавство. Во овој период само Србија и Црна гора имале свое трудово законодавство, зашто само тие биле самостојни држави. Македонија се до 1913 година, потпаѓаше под јурисдикција на отоманското законодавство, кое освен некои одредби од областа на работните односи во Отоманскиот граѓански законик донесен кон средината на 19 век, не познавал ниеден посебен законски пропис од областа на работните односи.30 Позабележителен напредок во развитокот на трудовото право и трудовото законодавство на овие простори доваѓа по 1918 година, кога била создадена заедничката држава на Србите, Хрватите и Словенците, која официјално била наречена Кралството на Србите Хрватите и Словенците. Поради се почестите и поорганизирани истапување на работниците преку штрајкови и демострации, новоформираната држава морала да стори одредени отстапувања, со цел за задоволувањето на минимумот на барањата на работниците. Така, доаѓа до усвојување на неколку закони, кои за тоа време и условите во кои биле донесени се сметале за прогресивни. Тоа се, пред се, Законот за инспекција на трудот од 1921 година; Законот за заштита на работниците од 1922 година, кој ги

29 Види д-р Тито Беличанец и д-р Гзиме Старова, Трудово право, Правен факултет – Скопје 1996, страна 29-34. 30 Само за споредба, во Словенија , Далмација, како и во Хрватска, кои се развивале во состав на Австрија и Унгарија имало и се применувал Трговски закон од 1862, Рударски закон од 1854, а како поважен е Законот за задолжително осигурување на работниците во случај на болест од 1888, Закон за задолжително осигурување во случај на несреќа при работа, како и Закон за пензиско осигурување од 1906 годнина. Во 1909 година на подрачјето на босна и херцеговина се воведува задолжително социјално осигурување во случај на болест.

Scene 26 (38m 11s)

26

предвидува следните решенија: еднообразно организирање и

функционирање на државните берзи на трудот за целото Кралство, формирање на централни и месни органи за организирање на трудовиот пазар, членството во работните органи да биде бирано во две половини од кои едната да биде од страна на работниците, а другата половина од работодавачките комори; Законот за осигурување на работниците донесен истата година, со кој е воведено социјално осигурување на работниците во случај на болест, изнемоштеност, старост и смрт, како и во случај на несреќа на работното место; Инвалидскиот закон од 1925 година, со кој се регулираат прашањата поврзани со згрижувањето на инвалидите

(првенствено за вработување, грижа за видот на работата и условите во кои што работат овие лица, работно место, работно време и сл. и Законот за дуќаните уште од 1910 година. Сите овие закони имале за цел подобрување на положбата на работниците во работен однос и нивната заштита. Меѓута, уште на почетокот на примената на овие закони се наидувало на нивно изигрување и недоследна примена.

Во периодот од 1918 година до 1941 година Македонија била дел од

Кралството СХС (основано 01.12.1918).31 Со Законот за називот и поделбата на Кралството на управни подрачја од 3.10.1929 година ова кралство е поделено на 9 бановини. Вардарска бановина32 била провинција во рамките на Кралството Југославија од 1929 до 1941 год. Се наоѓала на нај јужниот дел на земјата, во чии рамки спаѓала целата територија на денешна Република Македонија, јужните делови од Централна Србија и југоисточно Косово. Именувана е по реката Вардар, а административен центар бил градот Скопје.

Во Видовденскиот устав (28.06.1921),33 во рамките на предвидените

социјални и економски одредби (чл.22-44) ќе бидат установени следните права: надоместок на работниците во случај на несреќа, посебните заштита на женската и детската работна сила, болест, безработност, работна неспособност, старост и смрт; право на организирање заради остварување на подобри работни услови; права на воените инвалиди и другите жртви од војната, за специјална заштита исл. Заради остварување на овие права ќе се предвиди формирање на посебен совет Стопански совет, кој требало да функционира како советодавна установа за изработка на социјално и стопанско законодавство. Ова не наведува на заклучокот дека биле правени напори од страна на Кралството човечката работна сила да биде заштитена од државата. Мегутоа овој Устав ќе биде ставен вон сила со настапувањето на Шестојануарската диктатура од 06.01.1929 година. Со Уставот од 02.11.1931 година Југославија е прогласена за наследна и уставна монархија. 31 Група автори, дел од проф. Д-р Гузина, Ружица: Историја на државите и правата на Југословенските народи, Савремена администрација, Белград, 1972 година, во понатамошниот текст: Гузина Р., стр.464; 32 Ibid, стр.501 33 Картов, Владимир: Историја на државите и правата на народите на Југославија, Универзитет „Кирил и Методиј“, Скопје, 1991 година, стр. 261

Scene 27 (39m 56s)

27

По завршувањето на Втората светска војна во 1945 година, трудовот право во Југославија се развивало напоредно со развитокот на општествениот и економскиот развиток. Во поглед на правната регулатива во односите во областа на трудот во овој периот Југославија се наоѓала во многу незавидна положба. Во Уставот на ФНРЈ од 1946 година се содржани низа основни принципи кои служеле како извор и како основ за најважните прашања од областа на работните односи, но поблиску тие односи се уредувале со подзаконски акти: Уредба за засновање и престанок на работниот однос од 1948 година; Уредба за заштита на бремените жени и мајки во работен однос од истата година; Уредба за дисциплинска и материјална одговорност на работниците од 1949 година и други. Биле донесени мал број законски прописи од областа на работните односи, како на пример Законот за државните службеници од 1946 година, кој се однесува на посебна категорија лица; Законот за инспекција на трудот од 1946 година, Законот за решавање на работните спорови од 1945 година; Законот за социјално осигурување од 1946, потоа 1950 година итн. Со воведувањето на самоуправувањето, засилено се пристапило кон изработување и конечно стапување во сила на првиот закон за уредување на работните односи – Законот за работните односи од 1957 година. Меѓутоа, со одредбите на Законот за работните односи од 1957 година, со исклучок на одредени одредби од неговиот прв дел, кои се однесуваа на сите лица во работен однос, биле опфатени само лицата вработени во стопанските организации, додека за уредувањето на положбата на лицата вработени во државните органи, во истата година е донесен Законот за јавните службеници. На тој начин, со овие закони за прв пат била опфатена и правно уредена севкупната материја од областа на работните односи, што претставува и прва кодификација на трудовото законодавство. Паралелно со сојузното законодавство, работните односи постепено станувале предмет на уредување на републичкото, односно покраинското трудово законодавство, (во тој контекст и законодавството во Република Македонија, како составен дел на СФРЈ) а се одвивал и процес на постепено изедначување на правниот режим на работните односи и на положбата на вработените лица во стопанските организации и во државните служби (за работниците и јавните службеници). Во 1965 година е донесен Основиот закон за работните односи, на кој му предходел донесувањето на Уставот од 1963 година, со кој начелно се уредувале работните односи. Понатаму, во 1973 година е донесен Законот за меѓусебните односи на работниците во здружениот труд, како последица на втемелувањето на концепцијата за самоуправен социјалистички разовој и самоуправен здружен труд. Со одредбите од тој Закон се уредуваа само основните права и обврски од меѓусебните односи на работниците во здружениот труд, додека нивното натамошно поконкретно уредување било препуштено на другите облици на уредување. По донесувањето на Уставот од 1974 година, како и Законот за здружениот труд од 1976 година (кој се нарекување мал устав или работнички устав) се отвоти широка можност за автономно уредување на

Scene 28 (41m 2s)

28

работните односи од страна на работниците , па затоа уредувањето на работните односи, со сојузни, републички и покраински закони се однесуваше само на основните прашања од ова област. Во рамките на тогашните организации на зтружен труд (претприатија, сега трговски друштва) доаѓа до пренормираност на проблематиката на работните односи и до постоење на мноштво акти за уредување на тие односи, меѓу кои човек лесно не се снаоѓа. Тоа не само што доведе до неефикасност во уредувањето на работните односи, туку до неефикасност на севкупните екнмоски односи што беше и решавачки за напуштање на решенијата на Законот за здружениот труд и кон пристапување кон нови промени во областа на уредувањето на работните односи.34 2.2/2 Развој на трудовото право и трудовото законодавство во Република Македонија

Во време на распаѓањето на поранешната федерација позната како

СФРЈ и осамостојувањето на Република Македонија, постоеја голем број правни акти и закони со кои се уредуваа работните односи, почнувајќи од Уставот на СФРЈ од 1974 година, потоа Законот за основните права од работен однос од 1979 година, Законот за работните односи (на Република Mакедонија) од 1990 година. Меѓутоа, тие не одговараа на новонастанатата ситуација и de facto да ги уредуваат работите односи во Република Македонија, како и да го носат атрибутот на трудово законодавство.

По донесувањето на Уставот на Република Македонија и Уставниот

закон за неговото спроведување во 1991 година, Сојузниот закон за основните права од работен однос од 1979 година беше преземен како републички, со начелна обврска за негово усогласување со уставот на Република македонија во рок од една година по неговото прогласување. На тој начин одредбите на овој Закон заедно со одредбите на Законот за работните односи од 1990 година ја пополнија настанатата правна празнина во уредувањето на работните односи.

Овие прописи најдоа соодветна примена во работата на трговските

(деловните) и други субјекти по осамостојувањето на Република

Македонија. Конкретен чекор и придонес за подобрување на состојбата во уредувањето на работните односи беше направен со донесувањето на колективните договори и на општите акти на работодавачот, со што се направи исчекор во обезбедувањето на единственост во уредувањето на односите во областа на трудот. Со донесувањето на Законот за работните односи од 1993, всушност

се излезе од мноштвото прописи со кои се уредуваа работните односи во изминатиот период и се обезбеди единствено законско уредување на прашањата и односите од областа на трудот, се изврши усогласување на постојните прописи со Уставот на Република Македонија и се воспостави

34 Види д-р Тито Беличанец и д-р Гзиме Старова, Трудово право, Правен факултет – Скопје 1996, страна 34-41.

Scene 29 (42m 45s)

29

континуитет во остварувањето на правата и обврските од работниот однос кои немаат идеолошка основа, како нивна социјална и демократска придобивка. Овој закон се стремеше да ги одрази темелните вредности на Уставот на Република Македонија, а особено економските, социјалните и културните права, како дел на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, како и правната заштита на сопственоста и слободата на пазарот и претпримништвото.35 Овој закон, послужи како добра појдовна основа за натамошна

кодификација и развој на трудовото право во Република Македонија, врз основите темелни вредности и начелата на Уставот на Република Македонија, на конвенциите и препораките на Меѓународната организација на трудот (МОТ), ратификувани од Република Македонија и другите акти, кои беа и се во постапка на ратификација. Законот повеќе пати беше изменуван и дополнуван, односно прашањата во врска со работните односи, со измените на законот, беа технички уредени, како пречистен текст во Законот за работни односи (Службен весник на Р. М. бр. 80/2003- пречистен текст). Овие измени беа во насока и функција на Проектот за структурни реформи во областа на социјалниот сектор и пазарот на трудот, со цел и во функција на обезбедување на поголема флексибилност на пазарот на трудот. Дел од овие изменувања произлегуваа и од потребите за промени и усогласувања со неколку директиви на Европската унија. По потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација и

аплицирањето за членство на Република Македонија во Европската унија, продолжија поинтензивно активностите за хармонизација на националното законодавство со законодавството на Европската унија, во рамките на кој процес беше предвидено хармонизирање и на законодавството од областа на трудот.36 Во меѓувреме, од страна на Република Македонија беа потпишани и

ратификувани неколку нови конвенции на Меѓународната организација на трудот и одделни меѓународни документи на Европската унија, Советот на Европа и на други меѓународни организации. Во нив беа утврдени голем број на норми и меѓународни стандарди, кои имаат директни допирни точки со законодавството од областа на трудот. Тие ја дфинираа правната рамка поврзана со содржината и на Законот за работни односи, која е основата за правење ревизии, мониторинг и усогласување на законодавството и практиката, со фундаменталните и нераскинливи права и стандарди опфатени и утврдени во меѓународните акти и документи. Покрај овој закон, прашањата од областа на трудот беа уредени и со

други закони од областа на трудот и тоа: Законот за заштита при работа – новиот Закон за безбедност и здравје при работа од 2007 година, Законот за инспекција на трудот, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за вработување на странски државјани, Законот

35 Беличанец,Т., Брајановски, Б., Трајанов, С., Работните односи, коментар на Законот за работни односи, КИМ-консалтинг, Скопје, 1994 36 Од Образложението на Предлогот за донесување на Закон за работните односи, Влада на Република Македонија, Скопје, 2005

Scene 30 (44m 28s)

30

за вработување на инвалиди, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за здравствено осигурување, Законот за државни службеници, Законот за штрајк , како и со други закони. Најновиот Закон за работните односи е донесен во 2005 година, кој е

во сила, со неколку измени и дополнувања, кој ќе биде подетално елабориран во овој учебник.

3. ИЗВОРИ НА ТРУДОВОТО ПРАВО

3.1.1. ПОИМ И ВИДОВИ НА ИЗВОРИ НА ТРУДОВО ПРАВО

Под поимот извор на трудовото право се подразбира севкупноста на

правните правила кои го уредуваат предметот на оваа правна дисциплина и кои се санкционирани со организирана принуда на државата (правни норми и правила). Всушност, тие претставуваат начини на остварување на правилата што се применуваат во уредувањето на работните односи.

Проучувањето на изворите на трудовото право е особено важно,

затоа што, преку нив се овозможува и проучување на одделни прашања од трудовото право и работните односи. Всушност, проблематиката на изворите на трудовото право е нераскинливо поврзана со предметот и содржината на трудовото право, бидејќи за објаснување на таа содржина и за определување на основната ориентација во натамошниот развој на трудовото право е неопходно да се сознае со кои прописи се уредуваат работните односи и каков е нивниот карактер и значење. Поради тоа, за поуспешно согледување на проблематиката на трудовото право е потребно сознавање на основните поими на изворите на трудовото право, кои се тие извори, нивните видови, структура, значење и нивниот сооднос. Нивна основна карактеристика е тоа што овие извори се бројни, со што се овозможува, утврдувањето на правата и обврските на работниците во работниот однос да се врши на повеќе начини, што претставува соодветен плурализам на изворите на трудовото право.

За конкретно да се спознае за какви извори на трудовото право

станува збор, неопходно е потребно претходно да се тргне од општата класификација на изворите на правото воопшто, која во себе ги содржи и изворите на трудовото право. Таа општа класификација на изворите на правото ги опфаќа:

- материјалните извори на правото – fautis juris essendi, што ги

изразуваат причините на појавувањето и основите на опстанокот на правните правила во определен облик и со определена содржина;

- формалните извори на правото - fautis juris cognouscendi кои ја

изразуваат разликата во органите, облиците и начините на создавањето на правните правила;

- директни и индиректни извори на правото;

- пишани и непишани извори на правото.

Домашните извори на трудовото право, со оглед на тоа кои државни

органи ги донесуваат актите што служат како извори, како и обликот преку

Scene 31 (46m 2s)

31

кој се изразува нивната волја, може да имаат карактер на хетеротомни37 и автономни извори. Со првите се опфаќаат актите на органите на државната власт, а со другите, општите акти на работодавците. Од друга страна, колективните договори се јавуваат како посебни, специфични извори на трудовото право од домашно потекло. Имајќи ги предвид специфичностите со кои се одликуваат предметот

и содржината на трудовото право, потребно е да се прифати онаа класификација на изворите што ги изразуваат токму тие специфичности. Во таа смисла, во трудово-правната теорија постојат различни класификации на изворите на трудовото право. Според едната класификација, постојат четири видови на извори на трудовото право и тоа:

1. нормативни акти што ги донесува државата (хетеротомни извори); 2. општи акти што ги донесуваат деловните субјекти-правни лица, односно работодавците (автономни извори); 3. колективни договори; 4. меѓународни прописи од областа на работните односи;

Според друга класификација, постојат два вида на извори на

трудовото право и тоа:

1. домашни извори; 2. меѓународни извори. Така, изворите на трудовото право од домашно потекло може да се

поделат на три групи, и тоа:

- нормативните акти на државата, кој ги опфаќа Уставот, законите,

другите прописи, толкувања и сл;

- општите акти, кои ги опфаќаат актите на деловните субјекти

односно на работодавачот;

- колективните договори.

Изворите од меѓународно потекло се: - актите на меѓународните организаци и на специјализирани

меѓународни организации (како на пример, актите на Меѓународната организација на трудот-МОТ);

- меѓународните договори;

- актите на Организацијата на обединетите нации (ООН) и

нејзините специјализирани организации. Поаѓајќи од горенаведените форми и видови на изворите на

трудовото право, може да произлезе единствениот заклучок дека извори на трудовото право се:

(1) правните акти што ги донесува државата и општите акти на

деловните субјекти, односно работодавачите и колективните договори, и

(2) актите што ги донесуваат меѓународните организации и заедници.

37 Хетеротомни извори претставуваат, односно значат извори кои произлегуваат и се донесуваат од повеќе органи на државната власт.

Scene 32 (47m 26s)

32

3.2. ДОМАШНИ ИЗВОРИ НА ТРУДОВО ПРАВО

1. Нормативните акти на органите на државната власт, како извори на

Трудовото право се:

- Уставот на Република Македонија;

- Законите и другите прописи од областа на работните односи.

2. Колективните договори

3. Општите акти на работодавачот;

3.2.1. Уставот како извор на трудовото право

Разгледувајќи ги уставните одредби како извор на трудовото право,

може да се констатира дека тие имаат голема теоретска и практична вредност. Од теоретска вредност на уставните одредби, тие служат како своевиден водител и насочувач, а од практична вредност, како правила кои упатуваат на поконкретно уредување во другите извори на правото и другите облици на уредување на работните односи, со кои стануваат предмет на нивна содржина. На тој начин, Уставот станува колку значаен, толку и основен извор на трудовото право. Уставните начела и одредби за начелата, слободите и правата на работниците од трудовиот однос, претставуваат минимум на нивните слободи и права што треба да бидат содржани и почитувани во другите правни прописи, со кои се врши натамошно поконкретно уредување на работните односи.

Уставот, како извор на трудовото право, почнува постепено да го

зазема своето место, инкорпорирајќи во својата содржина определени начела, права и обврски, кои се применуваат на субјектите во работниот однос. Тоа се однесува и на Уставот на Република Македонија донесен во 1991 година, кој ги содржи основните начела, права и обврски на вработените лица38. Во него се содржани основните одредби во врска со положбата и правата и обврските на лицата во работен однос.

3.2.2. Законите и другите прописи како извор на трудовото право

Законските прописи во областа на работните односи претставуваат

значајни извори на трудовото право и тоа од неколку причини: историски (со развојот на трудовото право, само со закон може да се забранат, на пример, вработувањето на деца под 15 години), политички (на пример, само со закон работниците можат да заземат позиции при договарањето и уредувањето на работните односи) и економски (на пример, законот и колективните договори обезбедуваат на работниците грижа за нивната материјална и социјална сигурност и егзистенција).

Имено, определувањето на местото и значењето на законот како

извор на трудовото право, подразбира и негово покомплексно согледување. Имено, законот во областа на работните односи претставува регулатива, 38 Членовите 32, 34 и 35 од Уставот на Република Македонија.

Scene 33 (48m 57s)

33

односно дел од политиките во рамките на регулаторното управување, како поим и алатка, бидејќи тој е израз на волјата на носителите на политичката власт. Исто така, тој е инструмент за развојот на севкупниот систем на една држава, а воедно, тој се донесува за да се постигнат и одредени политички, економски и социјални цели. Нивната комплексност во уредувањето е повеќе видлива особено при уредувањето на правата и обврските на работниците и на работодавачите.

Подзаконските акти, кои се јавуваат како извори на трудовото право,

спаѓаат во актите на Владата и органите на државната администрација, со кои се доразработуваат определени односи, битни за извршување на законите од областа на работните односи (уредби, упатства, одлуки и други прописи). Извршувањето на актите на собранието непосредно се обезбедува со актите кои ги донесуваат органите на државната управа, а тоа се правилниците, наредбите и упатствата. Сите овие акти се јауваат како извор на трудовото право само кога содржат норми со кои се регулираат таботните односи.

3.2.3. Колективните договори како извори на трудовото право Колективните договори, како самостојни извори на правото со коишто

се доуредуваат правата, обврските и одговорностите на работниците и на работодавачот од веќе заснованиот работен однос, претставуваат придобивка на модерното трудово право.39 Всушност, колективните договори претставуваат „спогодби“ заклучени помеѓу синдикалниот орган (Сојуз на синдикатите) и асоцијацијата (организација) на работодавачите (стопанската комора) со кои се уредуваат условите на работа, правата и обврските од работниот однос помеѓу работниците и работодавачите и тоа во случај, кога заради посебниот карактер на работниот однос, не можат директно да се применува прописот, односно законот, поврзани со работата.

Во современиот свет колективните договори добиват првокласно

значење и непосреден авторитет во уредувањето на работните односи и условите за работа. Изградбата и афирмацијата на колективните договори, првенствено како правно средство во борбата за поправедни и похумано уредени работни односи, придонесе и кон нивното големо економско и социјално значење. Тие стекнаа такво значење што денес во светот претставуваат еден од главните облици на уредувањето на работните односи, а во поедини земји, како што е случај со англосаксонските и замена за трудовото законодавство. Колективните договори во голема мера придонесуваат кон економска стабилност на земјата, зашто нивното склучување ја неутрализира, па дури и гаси потребата од штрајкови и други облици на протест на работниците, кои можат да ги потресат темелите на

39 Законското признавање на колективните диговори како правни акти во уредувањето на работните односи било сторено дури по Првата светска војна и тоа најпрвин во Германија во 1918 година, а потоа и во Австрија и во Франција во 1919 година, така што во наредните години тие го наоѓаат своето вистинско место во трудовото законодавство и на останатите земји.

Scene 34 (50m 39s)

34

едно општество и тоа не само политички, туку и економски, а таквата неутрализација го овозможува нормалното одвивање на процесот на производството. Социјалното значење на колективните договори се гледа во тоа што тие дејствуваат и со улога на мировни совети, зашто колективните спорови во областа на работните доноси, најчесто се завршуваат со склучување на колективен договор.

Колективните договори како најоригинални извори на трудовото

право, кои го изразуваат колективниот карактер на работните односи и на трудовото право како посебна правна дисциплина, можат да бидат дефинирани како договори на волјата со кои работодавачите, од една страна, и работниците, од друга страна, односно нивните

претставници ги уредуваат работните односи.

Во одделни правни системи, колективните договори се едни од

главните видови на уредување на работниот однос помеѓу работодавaчот, односно нивната професионална асоцијација (коморите) и синдикатот. Меѓународната организација на трудот, со Конвенцијата бр. 98 од 1949 година, ги уредила прашањата на колективниот договор.

Со колективниот договор, односно преку колективното договарање,

организираните работници стануваат равноправен партнер со носителот на капиталот во уредувањето на работните односи, наспроти, до неодамна воспоставената практика, работодавачот, односно сопственикот на

капиталот-средствата, да има монопол во уредувањето на работните односи. Всушност, колективните договори се производ и израз на наемниот карактер на трудот и на изградената пазарна економија во областа на стопанството. Во земјите, каде функционира пазарот на трудот и капиталот, како и во другите земји, се среќаваат колективните договори, како извор на правото.

Колективните договори, најпрво биле признати од јуриспруденцијата,

а подоцна правото на колективното договарање било признато и од државата, со внесување на одредби што се однесуваат на колективните договори.

Колективните договори, се извор на правото, посебно на трудовото

право. Нивното постоење и склучувањето на колективните договори има позитивен тренд и одраз во трудовото законодавство. Секоја држава треба да го поттикнува и унапредува колективното договарање. Денес, во Република Македонија, (иако постои криза во колективното договарање) со развојот на колективните договори, присутна е позитивна карактеристика за нивната поширока примена, што претставува добра основа и за развој на демократските процеси во областа на работните односи.

На колективното договарање повторно ќе се навратиме кога ќе стане

збор за колективните договори во Република Македонија.

Scene 35 (52m 10s)

35

3.2.4. Општите акти на работодавачот како извори на трудовото

право

Општите акти донесени од работодавачот се јавуваат како автономни

извори на трудовото право. По осамостувањето на Република Македонија, прашањето за значењето на општите акти во уредувањето на правата од работните односи како да не добиваат нов квалитет, бидејќи веќе се расчистија определени дилеми на овој план. Во таа смисла, Законот за работните односи, ниту квалитативно ниту квантитативно, не го определува бројот на тие акти, од што би можело да се заклучи дека нивниот број е сведен на неопходниот, особено за прашањата кои се од витален карактер и значење за вршењето на дејноста кај работодавачот и воопшто за правата и положбата на работниците вработени кај него. Секако, меѓу тие акти, примарно значење има статутот, правилниците, како и правилата што се однесуваат особено на тие прашања. Според тоа, значајно е дека општите акти и натаму остануваат како еден од мошне битните облици на уредувањето на работните односи, иако, во контекстот на овој вид на акти, истите го немаат она значење, кое го имаа во претходниот период.40

40 Повеќе, Трудово право, д-р Тито Беличанец и д-р Гзиме Старова, Правен факултет – Скопје, 1996, стр. 46 –74. Д-р Петар Наумоски, Трудово право, Прв приватен универзитет Европски универзитет – Република Македонија,- Скопје, 2007, стр. 22-27.

Scene 36 (52m 59s)

36

3.3. МЕЃУНАРОДНИ ИЗВОРИ НА ТРУДОВОТО ПРАВО

Доменот на меѓународните извори на трудовото право во уредување

на положбата на работниците на меѓународен план опфаќа повеќе прашања. Централно место зазема проблемот на вработувањето, потоа, засилувањето на заштитата при работа и воопшто професионалната сигурност, како и сите други прашања од значање за подобрување на условите за работа, како и проблемот за заштита на човековите права.

Зголеменото значење на меѓународните извори на трудовото право,

како и широкиот спектар на прашања што се предмет на нивната содржина, може да се аргументира и со еден факт, односно можноста за дијалог во уредувањето на проблематиката на трудовото право, што овие извори ја овозможуваат на меѓународен план. Во сегашниве услови, дијалогот останува единствена можна варијанта за да се одговори на силата и експлоатацијата. Изборот е едноставен, но суров: или ќе се живее заедно, или ќе се гине заедно.41

Република Македонија со осамостојувањето, стана субјект во

меѓународните односи и како таков, таа веќе прифати повеќе договори во оваа област. Со оглед на прашањата кои ги уредуваат, билатерарните меѓународни договори фигурираат како најраспространет и најефикасен облик на уредување на правата од областа на вработувањето, условите за работа, заштитата на работниците и социјалното осигурување. Со ратификувањето, овие договори стекнуваат задолжителна сила за државите–договорнички и тие се применуваат и непосредно, при што, нивното правно дејство се простира само на оние држави меѓу кои тие се склучени.42

Своја значајна улога во уредувањето на трудовите односи на

меѓународен план, имаат и ООН. Имено, според Повелбата на ООН, оваа организација има компетенција во областа на подобрувањето на животниот стандард и остварувањето на потполното вработување, почитувањето и заштитата на правата на човекот со основните слободи за сите луѓе, без разлика на раса, пол, јазик и религија. Друг акт на ООН, кој е од посебно значење за уредувањето на правата на работниците, тоа е Декларацијата за правата на човекот, која, меѓу другите прашања, ги истакнува и правата што се однесуваат на работниците и тоа: правото на слобода на работа, правото на задоволителни услови за работа, правото на заштита од невработеност и правото на одмор и разонода.

Исто така, мошне значаен е Меѓународниот пакт за економските,

социјалните и културните права, кој содржи одредби за: правото на работа и за мерките што секоја држава треба да ги превземе за осигурување на потполно остварување на ова право, за правото на секој 41 Wilfred, The international Protection of Trade Union Freedom, London, tevens, 1957, 592. 42 Според Законот за работните односи, член 12, став 1 „При склучувањето и престанокот на договорот за вработување и времетраењето на работниот однос работодавачот и работникот се должни да ги почитуваат одребите на овој и други закони, меѓународните договори што ја обврзуваат Република Македонија, и другите прописи, колективните договори и актите на работодавачот„.

Scene 37 (54m 42s)

37

поединец да ужива поповолни услови за работа, за правото на социјално осигурување, за правото на заштита на мајките, децата и работните односи, како и остварувањето на што поголема активност и соработка на економски и социјален план во меѓународните рамки, за младинците, за правото на пристоен живот и постојаното подобрување на условите на егзистенција на човекот.

Сите овие активности на меѓународните организации, имаат за цел

развој и унапредување на меѓународното законодавство во областа на трудот. Меѓународните извори на трудовото право ја изразуваат

тенденцијата за изградба на оваа правна дисциплина, особено во уредувањето на работните односи, што ја изразуваат и домашните извори на трудовото право во национални рамки на секоја држава. За ваквото значење на меѓународните извори на трудовото право, свој исклучителен придонес имаат и синдикалните работнички движења, како и низата здруженија, со цел за подобрување на економската и социјалната положба на работниците. Бидејќи цел на сите овие активности е подобрување на положбата на работниците, не само во националните рамки на државите, туку и на еден поширок меѓународен план, со сигурност може да се констатира дека овие извори имаат значење на вистински кодекс во оваа област. Меѓународните извори на трудовото право всушност се мноштвото на

текстови на акти или норми, чија севкупност претставува една кохерентна целина. Овие извори бележат мошне голема промена во изминатиот период. Нивното појавување, а со цел за хуманизирање на работните и животните услови, во сегашните услови бележи зголемување на сопствената моќ и влијание во уредувањето на положбата на работниците на меѓународен план. Исто така, овие извори овозможуваат хармонизација на националните законодавства на трудот, и тоа во најдобар случај, барем на тоа што како минимум за тие услови, се предвидуваат во тие извори. Главен носител на активностите во врска со уредувањето на

трудовата проблематика на меѓународен план е Меѓународната

организација на трудот (МОТ)43, а основни извори на трудовото право од

43 Акти на Меѓународна организација на трудот (МОТ) која Република Македонија ги ратификувала: Конвенција бр.14 за неделен одмор во индустриските претпријатија, 1921; Конвенција бр. 29 за присилно или задолжително работење, 1930; Конвенција бр. 45 за вработување на жените кај подземните работи во рудниците од сите категории, 1935; Конвенција бр. 87 за синдикалните слободи и заштита на синдикалните права, 1948; Конвенција бр. 89 за ноќното работење на жените во индустријата, 1948; Конвенција бр. 90 за ноќното работење на децата во индустријата, 1948; Конвенцијата бр. 100 за еднакво наградување на жените и мажите за еднаква работа, 1951; Конвенција бр. 95 и 103 за заштита на мајчинството, 1962; Конвенција бр. 105 за елиминирање на работата под присила, 1957; Конвенција бр. 111 за дискриминација при вработувањето и занимањата, 1958; Конвенција бр. 132 за платениот годишен одмор, 1970; Конвенција бр. 135 за заштита и олеснувањата за преставниците на работниците во претпријатието, 1971; Конвенција бр. 138 за минималната возраст за склучување работен однос, 1973; Конвенција бр. 140 за платениот одмор за дошколувањење, 1975; Конвенција бр. 142 за професионално насочување и стручно оспособување на развојот на човековите способности, 1975; Конвенција бр. 156 за еднаквите можности на работничките и нивното еднакво третирање (работници со семејни обврски), 1981; Конвенција бр. 158 за престанување на работниот однос на иницијатива на работодавецот, 1983; Препорака бр. 166 во врска со престанувањето на работниот однос на иницијатива на

Scene 38 (56m 24s)

38

меѓународен карактер се нормите содржани во актите на оваа меѓународна организација. Освен оваа, како меѓународни извори на трудовото право се јавуваат и актите што ги донесува ООН, а кои се однесуваат на одредени прашања во врска со работата и развојот на социјалното право на меѓународен план, како и нормите содржани во актите на Советот на Европа и Европската унија,44 други регионални организации и во билатерарните договори. 3.4. ЕВРОПСКОТО ПРАВО КАКО ИЗВОР НА ТРУДОВОТО ПРАВО

Европското право претставува нов извор на трудовото право и

неговата појава се врзува со формирањето на Европската економска заедница (ЕЕЗ), која, најпрво, се именуваше како заедница на шестмината, потоа како Заедница на дванаесете земји-членки, а сега како Унија на 27 дваесет и седумината земји-членки. На позитивно правен план, најзначајна реализација на европското право, како извор на трудовото право, се врши во рамките на земјите-членки на Европската унија. Како прв

манифестационен облик на европското право, како извор на трудовото право во рамките на Европската унија, се смета договорот од Париз од 1951 година, познат како Договор на ЕЗ за јаглен и челик (СЕСА), чиј директен објектив на третирање е развојот на вработувањето и подобрување на животниот стандард.

Меѓу европските извори на трудовото право, мошне значаен е и

Договорот од Рим од 1957 година, со кој беше воспоставен Евроатомот и Заедничкиот пазар. Со овој договор, беше создаден економски и социјален совет со советодавна улога. На тој начин, социјалните прашања добија посебно значење во рамките на ЕЕЗ, за што една од нејзините мошне значајни цели е токму социјалниот напредок.

Во рамките на Европската унија во поново време донесени се

документи, односно правни акти (директиви, конвенции, уредби , препораки

работодавецот; Конвенција бр. 159 за професионална рехабилитација и вработување на инвалиди, 1983; Конвенција бр. 162 за повозрасни работници, 1980;

Конвенци на МОТ кои Република Македонија не ги ратификувала, а биле земени

предвид при подготовката на Законот за работните односи: Конвенции бр. 154 и 163 за поттикнување на колективното договарање; Конвенција бр. 144 за трипартитните консултации за унапредување на примената на меѓународните стандарди на трудот и национална акција на трудот на МОТ; Препораката бр. 152 за трипартитните консултации за унапредување на примената формирање на општа рамка за еднаков третман при вработувањето и кај занимањата; Директива 1999/70/ЕЕС, во врска со договорите за вработување на определено време; Директива 2002/14/ЕЕС, за општата рамка за информирање и консултирање на работниците; Конвенции бр. 171 и 178 за ноќен труд 1980; Конвенции бр. 173 и 180 за заштита на работничките барања во случај на инсолветност на нивниот работодавец, 1992; Конвенција бр. 175 за работа со пократко работно време од полното, 1994; Препорака бр. 182 за работа со пократко работно време, 1994; Конвенција бр. 177 за работа дома, 1996; Препорака бр. 183 за работа дома, 1996;

44 Акти на Совет на Европа: Европска конвенција за човековите права; Европска социјална

повелба 1961 и 1996 и Повелба на заедницата за фундаменталните социјални права на работниците, 1989.

Scene 39 (58m 0s)

39

и сл),45 во кои се утврдени голем број на норми, односно правила и меѓународни стандарди кои имаат директни допирни точки со

законодавството од областа на трудот. Тие се значајни извори преку кои може да се дефинира правната рамка поврзана со прашањато од областа на трудот, која претставува основа за фундаменталните и нераскинливи права и стандарди за работниците.

3.5. ДРУГИ ИЗВОРИ НА ТРУДОВО ПРАВО

Покрај претходно елаборираните извори на трудовото право, како

такви, свое значење имаат и некои други меѓународни акти, и тоа, пред сè, меѓународните договори и актите на ООН.46 Меѓународните договори со кои се уредуваат одделни прашања од областа на работните односи можат

45 Директиви на Европската унија: Директива на Советот 91/383/ЕЕС ОЈ, 1991, бр. 206, во која се утврдени мерки за поттикнување на подобрувањата на заштитата и здравјето при работата за заедниците кои склучиле работен однос на определено време или привремено вработени работници; Директивата на Советот 91/533/ЕЕС ОЈ, 1991, бр. Л 288-за обврските на работодавачот да ги извести работниците за условиите кои се однесуваат на договорот за вработување или се дел од работните односи; Директива 75/117/ЕЕС ОЈ ,1975 бр. Л. 45-за примањето еднакви плати за мажите и жените; Директива 76/207/ЕЕС ОЈ, 1976, бр Л.39-за спроведување на начелото на еднакво третирање на мажите и жените со оглед на пристапот до можноста за вработување, професионално оспособување и напредување, како и работните услови, дополнета со Директивата на Советот 2002/73/ЕЕС; Директива 92/85/ЕЕС ОЈ, 1992, бр. 348-за заштита на бремените работнички; Директива 93/104/ЕЕС, ОЈ, 1993,бр. Л. 307-за одредени аспекти во организирањето на работното време, која одредува минимален дневен, неделен и годишен одмор како и ги ограничува работната недела и ноќниот труд; Директива 94/33/ЕЕС, ОЈ ,1944 бр. Л. 216-за заштита на младите при работа; Директива 75/129/ЕЕС, ОЈ ,1975, за усогласување на законодавството на државите-членки во однос на колективното отпуштање на работници; Директива 77/187/ЕЕС, ОЈ, 1977 бр Л. 61-за усогласување на законодавството на државите-членки за заштита на работниците при пренесувањето (промената) на сопственоста на претпријатијата или дел од претпријатието; Директива 80/987/ЕЕС, ОЈ, 1980, бр. Л.283-за усогласување на законодавството на државите членки за заштита на работниците во случај на инсолветност на работодавачот; Директива 96/71/ЕЕС, ОЈ,1997, бр. Л. 18-која се однесува на деташманите на работници; Конвенција 80/934/ЕЕС, ОЈ ,1980, бр. Л. 266-за примената на правото кај договорените обврски; Директива 98/59/ЕЕС-за усогласување на законите на земјите-членки кои се однесуваат на масовните отпуштања од работа; Директива 96/34/ЕЕС, во рамките на договорот за родителско отсуство донесени од UNICEF, CEEP и ETUC; Директива 92/85/ЕСС-за воведување на мерки за поттикнување, подобрување на безбедноста и сигурноста на работата на трудници, жени по породување и жени кои дојат; Директива 97/81/ЕЕС која се однесува на Рамковниот договор за работа со скратено работно време; Директива 90/70/ЕЕС-која се однесува на Рамковниот договор за работа на определен временски период; Директива 2001/23/ЕЕС-која се однесува за усогласување на законите на земјите-членки кои се однесуваат на правата на вработените во случај на трансфер на активности, бизнисите или делови на активности или бизниси; Директива 2000/43/ЕЕС-за имплементирање на принципот за еднаков третман меѓу луѓето без оглед на расната и етничката припадност; Директива 2000/78/ЕЕС-за трудот; Препораката бр. 152 за трипартитните консултации за унапредување на примената на меѓународните стандарди на трудот и национална акција на трудот на МОТ; Конвенции бр. 171и 178 за ноќен труд 1980; Конвенции бр. 173 и 180 за заштита на работничките барања во случај на инсолветност на нивниот работодавец, 1992; Конвенција бр. 175 за работа со пократко работно време од полното, 1994; Препорака бр. 182 за работа со пократко работно време, 1994; Конвенција бр. 177 за работа дома, 1996; Препорака бр. 183 за работа дома, 1996; 46 Акти на ООН: Општа декларација за човековите права; Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права; Декларација за правата на децата; Декларација за елиминирање на дискриминацијата на жените и Конвенција за елиминирање на сите видови на дискриминација на жените.

Scene 40 (59m 30s)

40

да бидат двострани - билатерарни или мултилатерарни, во зависност од тоа дали се склучуваат меѓу две или повеќе држави.47

4. МЕЃУНАРОДНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ

4.1 ИСТОРИЈАТ, ЗНАЧЕЊЕ И УЛОГА

Прашањата на содржината на работните односи – положбата на

работниците во текот на работата, условите за работа, нивните права и обврски, во голем обем се застапени и во доменот на нивното меѓународно уредување. Современите текови во поделбата на трудот, миграцијата на работниците во широки размери, зголемувањето на влијанието на работничката класа во определувањето и уредувањето на сопствената положба, имаат за последица се поизразита тендениција на унификација на трудовото законодавство на меѓународен план.

Прашањето за уредување на работните односи започна да ги

надминува границите на доменод на прашање со национални димензии. Уредувањето на работните односи не е веќе исклучива работа на внатречните компетенции на секоја држава, туку тоа добива и пошироко меѓународно значење.

Се почестите и поголеми притисоци на поедници и влади на

одредени земји довеле до одржување на Првата меѓународна

конференција за меѓународно уредување на положбата на работниците на работа, одржана 1890 година во Берлин. На неа биле поставени повеќе барања за ограничување на работното време, за забрана за вработување на жените и децата на подземни работи во рудници, како и барање за забрана на нивно вработување на опасни и нездрави работи. Сите овие барања и покрај што биле мошне напредни и во прилог на работниците, не биле реализирани доследно во практиката и биле најбезобзирно изигрувани. Затоа Конференцијата во Берлин била окарактеризирана како „ исценација театарска претстава“.48

Периодот пред Втората светска војна, односно по Првата светска

војна, е време кога во светот доаѓа до големи социјални превирања и револуционерни движења (особено Октомвриската револуција) под чие влијание на нировната конференција во Парис во 1919 година, доаѓа до формирање на МОТ како орган на тогашното Друштво на народите. По завршувањето на Втората светска војна, МОТ станува специјализирана организација на ООН.

47 Повеќе, Трудово право, д-р Тито Беличанец и д-р Гзиме Старова, Правен факултет – Скопје, 1996, стр. 74, 88 –92. и Д-р Петар Наумоски, Трудово право, Прв приватен универзитет Европски универзитет – Република Македонија,- Скопје, 2007, стр. 28-33. 48 S. Djurapovic Janda, Жена у радном односу, Naprijed, Zagreb, - 960, 64.

Scene 41 (1h 0m 58s)

41

Всушност, МОТ е создадена како резултат на индустриската

револуција.49 За време на овој период на економска експанзија, условите за работа биле сурови, честопати нечовечки и работниците работеле во услови кои граничат со експолоатација, без социјална или економса сигурност. По завршувањето на Првата светска војна напорите за поголема заштита на работниците зеле замав и синдикатот ја нагласува потребата за социјална заштита и потребата за формирање на меѓународна институција чија специјалност ќе биде решавањето на проблемите поврзани со трудот.

Во април 1919 година, за време на мировните преговори во Парис,

била оформена трудова комисија со цел да ги разгледа овие проблеми и како резултат на тоа да се создаде меѓународна организација посветена исклучиво на прашањата поврзани со трудот. Во октомври истата година, се одржала првата Меѓународна конференција на трудот во Вашинктон. На неа биле усвоени шест конвенции, вклучувајќи ја и онаа за работниот ден да биде осум часа, што било прифатено од индустриските земји. МОТ е првата организација во историјата на човештвото која

проблемите од областа на трудот, конккретно положбата на работниците ги уредува на меѓународен план. Нејзиното основање претставува производ на еволуција на социјалните идеи за меѓународна заштита на работниците истакнати во текот на 19 век. Заснована врз принципите – дека трудот не е стока, дека за општествениот и индустрискиот напредок на човештвото е неопходна слобода на изразување и здружување на работниците и дека за таквиот напредок бедата и сиромаштијата претставуваат голема опасност и пречка за напредок.

МОТ има за основна мисија:

 обезбедување вработување;  подобрување на животниот стандард;  обезбедување услови за работа во кои ќе биде сочуван

психофизичкиот интегритет на работниците;

 наградување кое ќе биде доволно не само за обезбедување на

елементарната егзистенција на работниците – материјален

просперитет (економска сигурност), туку и за развој на сите облици на духовен живот, во слобода и достоинство – и со еднакви можности.

Значи, уредувањето на положбата на работниците на меѓународен

план се наметнува како централно прашање на МОТ. Преку

дејствувањето на своите органи МОТ придонесува за подобрување на 49 Индустриска револуција – голема преобразба во стопанството и општеството која настанала со примена на машинското производство, научните и техничките пронајдоци. Овој процес започнал во Англија кон крајот на 18 век и се ширел во другите земји. Процесот на индустриската револуција започнал во текстилната индустрија, а својот врв го достигнал со пронаоѓањето на патрната машина од Џемс Ват во 1769 год. Манифактурата полека го отстапува местото на современото индустриско производство. Тоа доведува до крупни промени во општеството: развој на современата идустриска буржоазија и пролетеријатот, големо померување на населението во градовите, итн. Втората индустриска ревокуција е назив на периодот на воведување на автоматизацијата и атомската енергија. Нова енциклопедија Вук Караџиќ – Larousse – Белград, 1977, стр. 704.

Scene 42 (1h 2m 39s)

42

положбата на работниците на меѓународен план и низ своето нормативно дејствување ги опфаќа сите есенцијални прашања од положбвата на работниците. Самиот факт дека една земја – членка на МОТ ратификува една конвенција, таа се обврзува истата да ја почитува и спроведува, било со донесување на соодветни законски прописи, било со дополнување или измена на постојните законски прописи (или дирекна примена на одредбите од соодветната ратификувана конвенција). Траен и сеопфатем мир во светот може да биде воспоставен само врз основа на социјална правда и материјална еднаквост. Затоа, и активностите на МОТ се одвиваат врз основа на девизата – si tu veux la paix, cultive la justice (ако го сакаш мирот, негувај ја правдата.

Во периодот меѓу двете светски војни (1919 – 1939), МОТ

функционира во рамките на Лигата на народите, предхoдник на ООН. Во овој период МОТ се фокусира на проблемите на заштита на мајката, социјалната заштита, невработеноста, работните услови и условите за работа на жените и младите луѓе.

Седиштето на МОТ е во Женева, Швајцарија, но за време на втората

светска војна, поради безбедносни причини привремено ги префрлува своите канцеларии во Монтреал, Канада. Кога се формирани Обединетите нации во 1946 година, МОТ беше првата специјализирана организација која се приклучи кон системот на ОН, со посебна одговорност околу социјалните и трудовите прашања. Од месец ноември 2001 година МОТ брои 175 земји членки.

Имајќи ги во предвид многубројните акти кои ги има донесено МОТ

во изминатит девет децении од своето постоење, со право може да се говори за еден меѓународен кодекс на трудот. Со својата активност на полето на меѓународното уредување на положбата на работниците МОТ придонесува за ширењето на идејата на мирот и соработката меѓу народите со мошне конструктивна присутност во разрешувањето на меѓународните проблеми во врска со положбата на работниците во работен однос.

Меѓународната организација на трудот ги обединува

работодавачите, синдикатот и владата, во процесот на подобрувањето на социјалната правда, животните и работните услови. Педесет години подоцна, во 1969 година МОТ ја доби Нобеловата награда за мир, како признание за својот ангажман од областа на еднаквост и правда за сите. Денес МОТ поседува 40 канцеларии ширум светот и вработува повеќе од 2500 службеници. МОТ од 2009 г. има канцеларија на МОТ во РМ.

МОТ е водечка организација на Обединетите нации, чија

специјалност се трудовите права, а има и мандат кој опфаќа различни социо – економски проблеми. МОТ е активно вклучена во унапредувањето и заштитата на човековите права, но нејзиното работење на ова поле е честопасти занемарено и не му е дадено потребно вниманите како на форум за решавање на проблемите надвор од полето на трудот. Исто така, МОТ работела на проблемите на децата, проблемите на дискриминацијата, половота дискриминација и дискриминација на малцинствата и

Scene 43 (1h 4m 21s)

43

домородните народи – прашања кои не се честопати поврзани со работната средина.

Моќта на МОТ е посебно видлива преку меѓународните договори кои

што ги усвоила. Договорите на МОТ ги оцртуваат основните стандарди за работа на национално ниво и тие се користат за поттикнување на развојот на домашното законодавство и заштита на трудовите права. МОТ исто така го постави мониторинг системот за примена на своите стандарди (т.е. меѓународните и договорите). Овој систем вклучува поголем број на тела и процеси за проценка на обемот на исполнување на меѓународните обврски на одредена земја. На овој начин, вниманието е насочено кон различните видови на злоупотреба на човековите права, вклучувајќи ги проплемите на злоупотреба на детскиот труд , на пример, во Бразил, Индија, присилна работа во Бурма и статусот на жените во Авганистан.

Поврзаноста меѓу трговијата и трудот е централна дебата на

глобализацијата, која, исто така, го има привлечено интересот на МОТ. Поради тоа е корисно организациите и поединците повеќе да се запознаат со МОТ и целосно да ги истражуваат неговите потенцијали во стремежот кон еднаквост и правда за сите (како би се избегнале конфликтите) од кои губат сите. Соработниците на МОТ, а особено здруженијата на

работниците, имаат водечка улога во надгледувањето на примената на конвенциите на МОТ. 4.2 . ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА МОТ

Основните документи на МОТ вклучуваат Повелба изработена за

време на мировниот договор во Версај, во чија основа се наоѓаат следните принципи:

 Отфрлање на злоупотребата на детскиот труд;  Соодветен надомест;  Еднаков третман;  Еднаков систем на плаќање;  Системи за проверка;  Трудот да не биде сметан како средство на трговија,  Пристојни работни услови;  Право на здружување.

Овие принципи се од висок приоритет во агендата на МОТ и служат

за насочување на активностите на сите полиња.

Другиот основен принцип на МОТ е премисата: краен и одржлив мир

може да се постигне само ако е заснован врз принципите на социјална правда. Тоа е основа на активностите на МОТ кои се темелат на принципите на еднаквост, недискриминација и намалување на

сиромаштијата.

За време на својата годишна конференција во 1944 година, која се

одржала во Филаделфија, САД, МОТ ја усвоила клучната Декларација (Филаделфиска декларација), извештај за вредностите со која е

надополнета Повелбата од 1919 година. Оваа Декларација ги реафирмира

Scene 44 (1h 5m 48s)

44

основните принципи на МОТ и ги содржи следните четири взаемно поврзани принципи:

 Слобода на изразување и здружување;  Трудот не е средство;  Сиромаштијата, во основа претставува опасност за просперитетот;  Сите луѓе, без разлика на раса, вероисповест или пол имаат право на

благосостојба и духовно развивање во услови на слобода и дигнитет50; економска сигурност и еднаквост.

Оваа Декларација е додадена на Уставот од 1946 година и

претставува интегрален дел од работатана МОТ.

МОТ тежнее да биде динамична и современа институција. Ги

преиспитува своите основни принципи за да биде во чекор со времето и да го пронајде најдобриот начин за да и придаде важност и значење на својата активност.

МОТ е единствената меѓународна организација која функционира по

моделот на трипартитност. Од самиот почеток здруженијата на работниците и работодавачите заеднички работат со владата според моделот на трипартитност. Владата, работодавачите и работниците се во суштина составните членови на МОТ. Тие соработуваат и гласаат, независно еден од друг. Секоја земја членка на МОТ има право на четири гласа кои се распределени на тој начин што здруженијата на работниците имаат право на еден глас, здруженијата на работодавачите имаат исто така право на еден глас, додека владата има право на два гласа. На состаноците на МОТ, преставниците на владата се наоѓаат во средината, здруженијата на работниците се сместени од нивната лева страна, додека здруженијата на работодавачите се наоѓаат од нивната десна страна. 4.3 . ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА НА МОТ

МОТ е составен од три тела:

 Меѓународната конференција на трудот, односно Општата

конференција на претставниците на државите членки;

 Административниот совет – управно тело;  Меѓународна канцеларија (биро) на трудот. Овие органи на МОТ се главни носители на севкупните активности на

МОТ во доменот на трудот и социјалното осигурување.

Покрај овие три основни органи, активноста на МОТ ја спроведуваат

и други помошни тела, како што се разните комисии и други тела.

50 Дигнитет: (l. dignitas) достоинство, углед; високо звање.

Scene 45 (1h 7m 13s)

45

4.3/1. Меѓународна конференција на трудот Меѓународната конференција на трудот е генерално собрание на

МОТ, кое го сочинуваат сите негови членови – владите, работниците и работодавачите. Таа е главниот орган, највисиката истанца на МОТ. Оваа конференција се нарекува и меѓународен парламент, светски парламент на трудот. Делегатите се состануваат еднаш годишно, во јуни, во времетрење од три недели и со присуство на повеќе од 2000 делегати.

Генералните дебати, кои се одвиваат на Меѓународната

конференција на трудот овозможуваат широка размена на мислењата на учесниците на конференцијата. На нив се овозможува секој делегат да изнесе информации за социјалните проблеми во сопствените земји, да го изнесе своето мислење и своите забелешки на работата на МОТ и да посочи на идните акции на ова организација. Конференцијата ја сублимира и изразува волјата на народите на државите членки на МОТ во поглед на остварувањата на нејзините основни цели и активности, на подобрувањето на условите за работа и живот, на социјалната политика итн.

Меѓународната конференција на трудот е највисок законодавен орган

на МОТ и единствено таа, според Уставот на оваа организација, е надлежна да ги донесува меѓународните конвенции и препораки, кои како меѓународни акти од областа на трудот, претставуваат извор на меѓународното трудово право.

Во надлежност на Општата, односно на Меѓународната конференција

на трудот спаѓа:  Усвојување на буџетот на МОТ, кој е финансиран од чланарината на

земјите членки (на секои две години);

 Усвојување на меѓународните стандарди на трудот и надгледувањље на

нивната примена;

 Вклучување на нови членови;  Избор на Управно тело – административниот совет (на секои три

години). На Конференцијата, претставници од здруженијата на

работодавачите и работниците, избрани со мандат од три години од изборниот колегиум, во соработка со владите ги избираат членовите на Управното тело.;

 Донесување на одредби на светскиот форум за разгледување прашања

од социјалната и трудовата свера;

 Донесување на одредби за основната политика и идните активности на

МОТ, преку процесот на одлучување;

 Усвојување декларации за политиката и активностите за прашања

релевантни за МОТ, и други надлежности.51 Со оглед на трипартидниот состав на делегациите кои учествуваат во

работата на конференцијата, таа претставува средина каде доаѓа до средби на претставниците на сите фактори на модерното индустриско општество – работниците, работодавачите и владите на државите-членки 51 На пример, во 1964 година ја усвои Декларацијата за апардхејд во Јужна Африка. Во 1988 година ја усвои Декларацијата за основните принципи и права при работа.

Scene 46 (1h 8m 53s)

46

на МОТ (и нивните советници), со што се овозможува размена на мислења и решавање на проблемите со кои се среќаваат државите членки во областа на трудот.

Конференцијата има претседател и три потпреседатели, кои треба да

бидат од различна националност, а потпретседателите се избираат по еден од редот на претставниците на владите, од работодавачите и од работниците.

Во активностите на Меѓународната конференција на трудот спаѓа и

изборот на посебни комисии и тоа:

 Комисија за предлози;  Комисија за верификација на полномошната;  Комисија за примена на конвенциите и препораките;  Комисија за финансии, и други.

Во нејзина надлежност е и да ги назначи и членовите на

Административниот совет и на Меѓународното биро на трудот.

Во поглед на правната природа на МОТ, постојат мошне разновидни

мислења што се изнесуваат во различни периоди од нејзиниот развој и постоење. Водејќи сметка за сите овие аспекти, МОТ се јавува како специфична, меѓународна и меѓувладина универзална организација, која, според начинот на работата и одлучувањето, претставува еден вид меѓународен парламент, без притоа да се наметне како наднационален парламент на државите-членки.

Постојат два вида на категории на меѓународни стандарди на трудот:

конвенции и препораки. Препораките се незадолжителни и нивната цел е насочување кон законот, политиката и активностите. Тие честопати се усвојуваат заедно со конвенциите и ги даваат директивите за нивна примена и не се ратификуваат.

Усвојувањето на конвенциите, односно препораките, се врши на

Општата конференција со двотретинско мнозинство од гласовите на присутните делегати на конференцијата. Изгласаната конвенција се доставува до секоја земја-членка на МОТ за да биде ратификувана, за што тие имаат обврска да го известат генералниот директор. Државите-членки на МОТ, кои ја ратификувале конвенцијата, имаат обврска да доставуваат до Меѓународното биро на трудот годишен извештај за преземените мерки, потребни за спроведување на конвенцијата.

Чинот на ратификација е всушност договор со кој една држава се

обврзува на некоја конвенција.

Конвенцијата стапува во сила по дванаесет месеци, откако до

генералниот директор ќе бидат регистрирани ратификациите од најмалку две држави-членки на МОТ. Важноста на ратификацијата на една конвенција трае десет години, по што таа може да биде откажана и тоа по изминувањето на една година од престанувањето на важноста на ратификацијата.

Конвенциите и препораките на МОТ ги содржат следните

карактеристики:

Scene 47 (1h 10m 26s)

47

1. институционалноста (усвоени во рамките на активностите на

организацијата);

2. трипартитноста (согласност за нивно донесување од сите преставници на националните делегации), и

3. ефикасноста (се усвојуваат со двотретинско мнозинство и обврските преземени со ратификувањето на конвенциите од земјите-членки остануваат во важност и по престанувањето на нивното членство во организацијата).

4.3/2 Административен совет

Административниот совет (управно тело) е изврен орган на МОТ.

Меѓутоа, неговите активности и функции не се исцрпуваат само преку административниот и извршниот карактер.

Главни задачи на Управното тело се:

 Насочување на работата на организацијата;  Избирање на генералниот директор;  Вршење подготовки околу нацрт – програмата и буџетот на МОТ;  Донесување одлуки за начинот на спроведување на политиката на МОТ;  Административниот совет раководи со работата на МБТ и го именува

неговиот генерален директор, а раководи и со работата на разни комисии на МОТ;

Поставен меѓу Општата кнференција и МБТ, Административниот

совет има целосен преглед врз нивната работа и врши координација на работата на сите органи на МОТ. Тој го утврдува дневниот ред на Конференцијата, што значи дека Административниот совет има значања улога во утврдувањето на севкупната политика на МОТ, како и на нејзините конкретни активности. Обезбедувајќи го извршувањето на одлуките на Меѓународната конференција, Адсминистративниот совет, истовремено, врши перманентна контрола врз работата на МБТ.

Управното тело се состои од 56 членови од кои 28 претставници од

владите, и по 14 претставници од здруженијата на работодавачите и работниците. Членовите на Управното тело се избираат од страна на Меѓународната конференција на трудот, во времетраење од три години. Значи, претставниците на работниците и работодавачите во

Административниот совет не се избираат од своите држави, туку од групата на работниците и групата на работодаваќите на земјите членки на МОТ. Десет постојни места се предвидени за претставниците на владите од десете висико развиени земји (Бразил, Кина, Франција, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Руската федерација, Велика Британија и САД). Управното тело се среќава три пати годишно, во март, јуни и ноември, во седиштето на МОТ во Женева.

Scene 48 (1h 11m 50s)

48

4.3/3 Меѓународно биро (канцеларија) на трудот Меѓународната канцеларија (биро) на трудот (Канцеларијата, МБТ) е

постојан секретаријат на МОТ со седиште во Женева. МБД е технички и административен орган на МОТ и е „орган двигател“ на МОТ и инструмент на нејзината стручна научна дејност за испитување на работните услови и за продлабочени истражувања во тој правец. МБТ е еден вид лабараторија на идеи, каде се подготвуваат нацрти и програми кои, потоа се поденсуват на разгледување и усвојување на различните инстанци на МОТ.

Основнте задачи на Канцеларијата вклучуваат, пред се:

 Собирање информации и статистички податоци;  Истражувачки активност околу прашањата кои го засегаат МОТ;  Помош во спроведувањето на програмите за обука и техничка

соработка;

 Организирање на конференции и состаноци;  Вршење подготовки и составување на извештаи за состаноците на МОТ;  Објавување на материјали за социјалната и трудовата свера;  Ја следи примената на меѓународните конвенции и препораки на МОТ во

дрѓавите – членки, и друго.

МБТ им пружа помош на владите на државите – членки на МОТ, на

нивно барање во изработката на законските прописи, им овозможува податоци и информации и воопшто совети, како на владите, така и на организациите на работодавачите и работниците.

На чело на МБТ се наоѓа генерален директор кој, истовремено, ја

врши функцијата генерален секретар на Меѓународната конференција на трудот. Него го избира Административниот совет, со мандат од пет години, со можност за реизбор.

Во рамките на МБТ постојат повеќе служби од општ, стручен и

технички карактер, кои се организирани како департмани. Такви се, на пример: Депатрмант за работните и животните услови, во чиј состав влегуваат Службата за општите услови за работа, Службата за заштита и хигиена на трудот и Службата за социјално осигурување; Департмант за развој на социјалните институции, кој во своите рамки ги опфаќа Службата за развој на трудовото право и законодавство и професионалните односи, Службата за образование на работниците и синдикалните кадри и други Департманти, со соодветни служби.

4.3/4 Комисии, Комитети и Регионални конференции на МОТ Во составот на МОТ, постојат повеќе комисии и комитети, чија

активност е во доменот на проблемите со кои се занимава оваа организација. Во нивната работа учествуваат експерти од соодветните области. Тие се основаат како постојни тела на Административниот совет, или како посебни тела во рамките на МОТ.

Да наведеме некои од поважните комисии.

Scene 49 (1h 13m 24s)

49

Комисија за индустрија, а во нејзини рамки се Комисијата за јаглена

индустрија, комисијата за челик и железо, за машинска, хемиска, текстилна, нафтена индустрија, за изградба, за градежништво, за внатрешен сообраќај. Формирањето на овие комисии многу придонесва за

подобрување на состојбите во соодветните индустриски гранки, за подобрување на животните и работните услови, за потикнување и помагање на севкупните меѓународни напори во остварувањето на севкупниот социјален прогрес.

Комисија за буџет и администрација, која го проучува и следи

финансирањето на севкупните активности на МОТ. Таа, го востановува предлогот на буџетот на оваа организација, што се усвојува на Меѓународната конференција на трудот.

Комисијата за програмата на практичните активности е

надлежна за следење на извршувањето на програмите на техничката помош и за планирање на извршување на обврските на МОТ, особено оние што се преземани сп програмите на ООН и на друфите специјализитани меѓународни организации од областа на трудот и социјалното осигурување.

Комисијата на експерти за примена на конвенциите и препораките

е мошне значања за нормативната дејност на МОТ. Преку нејзината активност се надгледува примената на актите на МОТ, извршувањето на преземените обврски со овие акти од страна на државите членки на организацијата и согледување и проучување на ефектите од нивната конкретна примена.

Понатаму, постои Поморска паритетна комисија, која ги разгледува

прашањата во врска со условите за работа на морепловците;

Консултативна комисија за јавните функции; Постојана комисија за прашања од областа на земјоделието (за рурален развој), и др.

Во рамките на адинистративниот совет, покрај комисии, се

формираат и делуваат повеќе комитети од кои позначајни се: Комитетот за дискриминација, Комитетот за жалби и други.

Во рамките на МОТ, дејствуваат и два мешовити комитети на оваа

организација и Светската здравствена организација, за прашања од областа, за прашања за положбата и здравствената состојба на морепловците.

Со Програмата на МОТ се предвидува и одржување на најразлични

средби на ниво на региони, познати како регионални конференции. Најмногу вакви конференции се одржани во земјите на Америка, Азија и Африка. Составот на делегациите кои учествуваат на тие конференции, како и начинот на нивното одржување, е идентичен на оној на Меѓународната конференција на трудот. Разликата е во тоа што на регионалните конференции не се усвојуваат меѓународни конвенции, туку нивните заклучоци се донесуваат како резолуции, за соодветниот регион. Тоа се прашања од областа на вработувањето, на инспекцијата на трудот, на условите за работа воопшто и посебно во одредени области од интерес за регионот во кој се одржува конференцијата

Scene 50 (1h 15m 5s)

50

ДЕЛ ВТОРИ

РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

1. ВОВЕД

По осамостојувањето на Република Македонија се отворија повеќе

процеси на политички, економски, социјален и културен план. Со донесувањето на Уставот на Република Македонија, државата започна нова етапа во својот историски развој, односно започна процесот на транзиција, од социјалистички ориентирана, како демократска и социјална држава со граѓански суверенитет (суверенитетот произлегува од граѓаните и им пришаѓа на граѓаните), политички плурализам, владеењето на правото и со пазарно стопанисување во областа на економијата.52

Паралелно со промените и демократизацијата на општествено –

политичкиот систем, се одвиваше и процесот на меѓународното признавање на Република Македонија. На 8 април 1993 година Република Македонија стана сто осумдесет и прва членка на ООН, а потоа и на сите нејзини специјализирани организации. Во 1995 година Република Македонија е примена во Советот на Европа и во Организацијата за безбедност и соработка на Европа. Со влегувањето во сила на Договорот за соработка и трговија меѓу Република Македонја и Европската унија, од 1 јануари 1998 година, е отворена перспектива за реализација на крајната цел – прием во Европската унија.

Приемот на Република Македонија во ООН и во Советот на Европа и

во другите меѓуародни организации, значеше и активно вклучување на земјата во активностите на овие организации. Беа прифатени основните акти на тие организации во кои се уредуваат основните прашања од областа на правата на човекот, од областа на работните односи и социјалната заштита и осигурување. Така, Република Македонија ги има прифатено и инкорпорирано во сопственото законодавство одредбите од Општата декларација за правата на човекот на ООН, Филаделфиската декларација, Меѓународниот пакт за економски, културни и социјални права, Европската социјална повелба итн.

Република Македонија стана членка на МОТ во 1993 година.

Големиот број конвенции и препораки кои ги има ратификувано, а чии стандарди се однесуваат на уредувањето на проблемите од областа на трудот и социјалата ги има вградено во своето законодавство на трудот и социјалното осигурување. Во работата на МОТ и нејзините органи Република Македонија дејствува како и другите држави – членки, почитувајќи ги сите начела и принципи врз кои се одвиваат активностите и

52 Република Македонија стана независна држава, со распадот на поранешна Социјалистичка федеративна република Југославија, на 8 септември 1991 годнина. По ијаснувањето на референдумот за самостојна и суверена Република Македнонија, донесен е Уставот на Република Македонија на 17. ноември 1991 година. Според член 1 од Уставот „Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава”.