Градски населби

Published on Slideshow
Static slideshow
Download PDF version
Download PDF version
Embed video
Share video
Ask about this video

Scene 1 (0s)

Градски населби. Изработиле: Димитар Калески Тана Јанкула Даниел Стојчевски Марија Тодоровска Никола Јанкула.

Scene 2 (10s)

Што е град?. Градовите се компактно изградени поголеми населби, во кои населението се занимава со повеќе дејности, при што доминираат секундарните и терцијарните, односно најголем дел од населението се занимава со неземјоделски дејности. За дефинирање на градот се доминантни три обележја: Популациско-демографски ; Функционални; и Морфолошки..

Scene 3 (28s)

Град или општина?. Важно е да се прави разлика помеѓу поимите “ град ” и “ општина ” иако најчесто се тесно поврзани меѓусебе. Според македонскиот закон, општина претставува единица на локална самоуправа, како заедница на жителите на одредено подрачје, утврдено со закон, која преку своите органи и преку администрацијата и организираните јавни служби овозможува вршење на надлежностите пропишани со закон. Во Македонија, општините се административни единици од прв степен. Надлежност на општината е збир на работи од јавен интерес од локално значење кои општината има право да ги врши на своето подрачје и е одговорна за нивното извршување. Во периодот од 1996 до 2004 година, Македонија имала 123 општини; од август 2004 до 2013 година имало 84 општини, а по локалните избори во 2013 година, бројот на општините се намалил на 80. Од нив, 10 општини се во Скопје при што Градот Скопје е посебна единица на локалната самоуправа. По површината, најголема општина е Прилеп која има 1.194 км2, а најмала е Чаир со површина од 3,5 км2. По број на населението и според пописот од 2002 година, најголема општина е Куманово со 105 484 жители, а најмала е Вевчани со 2 433 жители. Притоа, 34 единици на локалната самоуправа се со седиште во град, а останатите 46 се со седиште во село. Тоа е така затоа што општините во Македонија се административни единици од прв степен, а градот може да биде седиште на една општина, но во таа улога може да се најде и некое по урбано и по населено село..

Scene 4 (1m 29s)

Градови во Македонија. Македонија има преку 60% градско население, според што се наоѓа во средината меѓу државите во Европа. Меѓутоа, неповолна околност е концентрираноста на населението во неколку поголеми градови, при што во градското подрачје на Скопје живееe околу 30% од населението во земјата. На 756км2 во нашава држава се наоѓа по еден град. На западот има 12 градови, на Истокот 13, а во Повардарието 9 градски населби..

Scene 5 (1m 52s)

Популација на град. Многу земји користат минимална големина на население за да дефинираат урбана област, но таа големина може да биде 200 (како во Данска), 2.000 (Аргентина), 5.000 (Индија) или 50.000 (Јапонија) или дури 100.000 (Кина). Некои земји не користат статистичка дефиниција, туку назначуваат урбани области со административна одлука. Во други земји, секторското вработување или обезбедување на инфраструктура и услуги се користи за да се утврди дали населбите треба да се класифицираат како урбани или рурални. Во Македонија, за градски населби се сметаат оние со над 2500 жители, но влијаат и други карактеристики..

Scene 6 (2m 22s)

Категоризација според популација:. Во Македонија постојат три категоризации според популацијата на градовите и тоа: 1. Мали градови ( < 10 000ж.); 2. Средни градови (10 000ж.- 50 000ж.); и 3. Големи градови ( >50 000). Во македонија постојат 5 големи градови, 18 средни градови и 11 мали градови..

Scene 7 (2m 45s)

Жиели на градови во Македонија Битола Куманово Прилеп Тетово Велес Штип Охрид Струмица Кавадарци Кичево Струга Радовиш Крива Паланка Ресен Крушево Валандово Демир Хисар 75000 70000 65000 50000 44000 43000 42000 35000 29000 27000 17000 16000 14000 8000 5000 4000 2000.

Scene 8 (3m 5s)

Зошто бројот на жители на градовите е важен и потребен да биде познат?.

Scene 9 (3m 34s)

Кои се фунцкиите на градот?. Секој град има одредена улога во регионот во којшто припаѓа, помала или поголема, а најчесто социо-економска. Главните функции на градовите се: дистрибуција на популација; администрација и менаџмент; производство; социјални; образовни и културни; иновации и технологија; надворешна трговија; трговија и дистрибуција; информации; транспорт и врски; рекреација и туризам; фитнес; социо-еколошка и животната средина..

Scene 10 (3m 53s)

Просторна разместеност на градовите во Македонија.

Scene 11 (4m 46s)

Демографски податоци. најзастапени јазици во градовите Македонски Албански 33 3.

Scene 12 (4m 57s)

Двата најголеми градови во Македонија после Скопје.

Scene 13 (5m 35s)

Главен град на Македонија. Град Скопје е посебна административна единица во Македонија која го покрива главниот град на државата- Скопје. Се состои од 10 општини. Дел е од Скопскиот Регион. Поделбата на Град Скопје како посебна единица на локална самоуправа е дефинирана во Законот за Град Скопје, донесен на 16 август 2004 година. Град Скопје се граничи со Општина Чучер-Сандево и Косово на север, Општина Јегуновце и Општина Желино на запад, Општина Сопиште и Општина Студеничани на југ и Општина Илинден, Општина Липково и Општина Арачиново на исток..

Scene 14 (6m 1s)

Општини на територијата на град Скопје. Градот Скопје се состои од 10 засебни општини, коишто се примарно со градски центар. На следниот графикон се прикажани 10-те општини на Град Скопје според нивниот број на жители:.

Scene 15 (6m 22s)

Двата најмали градови во Македонија. Валандово Валандово е град во југоисточниот дел на Република Македонија на патот кон Дојран, и административен центар на Општина Валандово. Од Валандово се двои и пат кон Струмица. Валандово се наоѓа на 170 метри надморска височина и претставува една од најниските котлини во Македонија. Градот е оддалечен 23 километри југозападно од Струмица, 25,5 километри североисточно од Гевгелија и 18 километри северно од Нов Дојран..